Антониа Гиговска објави свадбена фотосесија – позира со бидермаер на шанк, блеска од среќа покрај Роберт

Антониа Гиговска сподели неколку интимни моменти од свадбата со Роберт Спасенцовски, па покажа како се дотерувала за свадбата, детали од венчаницата, но и најубавите фотки од нивниот прв танц.

antonia-gigovska-objavi-svadbena-fotosesija-pozira-so-bidermaer-na-shank-bleska-od-srekja-pokraj-robert-01.jpg

Откако на 10 март (недела) Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски се венчаа во црква и направија голема свадба, пејачката сега ги објави првите oфицијални фотографии на својот профил на Инстаграм.

Антониа на фотките не остави никаков коментар, туку ги опиша со емотикон на невеста и младоженец.

На фотографиите се забележани моментите од подготовките за свадбата со нејзиниот пријател и долгогодишен соработник, Даниел Николовски, преку фотосесијата направена во ходник на кој самата лежи на подот, но и се движи низ холот додека со Роберт се држат за раце.

Во свадбената фотосесија таа позира на шанк со бидермаерот, а има и фотки од нивниот прв свадбен танц каде делуваат пресреќни и заљубени.

antonia-gigovska-objavi-svadbena-fotosesija-pozira-so-bidermaer-na-shank-bleska-od-srekja-pokraj-robert-08.jpg

За потсетување, Антониа и Роберт се венчаа лани во април, а годинава направија црковна венчавка и голема веселба со многу пријатели, но и колеги музичари.

За свадбата невестата носеше два фустана кои ги дизајнираше Моника Коцарева, додека младоженецот избра бордо костум во комбинација со бела маичка и патики.

antonia-gigovska-objavi-svadbena-fotosesija-pozira-so-bidermaer-na-shank-bleska-od-srekja-pokraj-robert-06.jpg

И Антониа во текот на вечерта салонките на високи потпетици ги замени со патики.

Свадбата беше во познат скопски ресторан, каде што целиот ентериер беше украсен во црвено и златно, а и невестата имаше бидермаер од црвени рози.

antonia-gigovska-objavi-svadbena-fotosesija-pozira-so-bidermaer-na-shank-bleska-od-srekja-pokraj-robert-07.jpg

Во ист стил беше и тортата на три ката, која, исто така беше украсена со црвени рози.

antonia-gigovska-objavi-svadbena-fotosesija-pozira-so-bidermaer-na-shank-bleska-od-srekja-pokraj-robert-09.jpg

antonia-gigovska-objavi-svadbena-fotosesija-pozira-so-bidermaer-na-shank-bleska-od-srekja-pokraj-robert-05.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Роберт стега мускули со синот Киан, Антониа Гиговска си го најде тренерот на плажа за време на одмор... Антониа Гиговска покажа кој е задолжен за нејзината фит форма, а Роберт, пак, де...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...
Марија и Бојан од Eye Cue правеа свадба на плажа во Полихроно - пејачката го покажа трудничкото стом... За свадбата во Грција, на која присуствуваа најблиските и најдраги луѓе на парот...
Антониа Гиговска запеа во дует со свекорот Боби - Тој ја бакнува во коса, покажа колку ја обожава сн... Пејачот Боби Спасенцовски и неговата снаа, Антониа Гиговска, се многу блиски и м...

Најчитани неделава