Почина Мирко Попов (51), еден од пионерите на електронската музика во Македонија

Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов (51). 

pochina-mirko-popov-eden-od-pionerite-na-elektronskata-muzika-vo-makedonija-01.jpg

Социјалните мрежи се преплавени со веста дека почина Мирко Попов (51), човекот кој беше предводник на електронскиот музички бран кај нас - продуцент, пејач, актер...

Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на една од скопските клиники, откако доживеал мозочен удар и обилно крварење.

Иако лекарите се бореле за неговиот живот, тој за жал не преживеал. 

pochina-mirko-popov-51-eden-od-pionerite-na-elektronskata-muzika-vo-makedonija-03.jpg

Од Попов на социјалните мрежи се простуваат неговите пријатели.

„Некои луґе живеат 2 животи во еден. Создаваат, креираат, придонесуваат и оставаат вечен печат. Таков беше ти, драг Мирко. Секогаш ведар позитивен и борбен.

Почивај во мир. А, вредностите кои беа дел од тебе, нека не обединат сите и нека не направат подобри луґе. Затоа што животот е еден“, напиша на Фејсбук Слободанка Тренчева, негова пријателка и долгогодишна промоторка на електронската музика кај нас.

мирко.jpg

„Не е некоја тајна дека најчесто сме биле на различни страни, некогаш и не така пристојни еден кон друг, но сепак не може да се одземе ентузијазмот и жилавоста со која се бореше за скопската клубска сцена, желбата да ја промовира музиката и нови, млади сили кои уште долго ќе го чуваат од заборав. Светол пат Мирко Попов и сочувство до семејството“, напиша Божидар Божиновски на Фејсбук.

мирко1.jpg

Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите роденденски диџеј сетови во раните 80-ти години на 20тиот век.

Неколкуте авангардни музички револуции во 80-тите, но и неверојатно високиот квалитет на поп музиката од тоа време помагаат да развие здрава љубопитност, разнолик музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што ќе се одрази пресудно во понатамошните одлуки.

Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992 година и оттогаш постојано има настапи.

Истата година почнува да работи во култното скопско музичко радио „Канал 103“, каде што од 2008 до 2010 година беше главен и одговорен урeдник.

pochina-mirko-popov-51-eden-od-pionerite-na-elektronskata-muzika-vo-makedonija-02.jpg

Во 1998 година ја формира „ПМГ Рекордингс“, дискографска куќа која ја слави современата култура и која денес е водечка независна дискографска куќа во земјава.

Тој е и дел од бендот „ПМГ Колектив“, каде се јавува како автор на музика, текстови, но и пејач. „ПМГ Колектив“ има издадено 9 албуми и едно издание на најголемите хитови, и отсвирено повеќе македонски и европски турнеи.

Попов има играно и во неколку театарски претстави, како и во филмови. Tој e сценарист и продуцент на документарниот филм „103 -љубовно писмо до алтернативната култура” и комплетен автор на музичкиот филм „До небото замок”. Беше продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

Mirko_Popov.jpg

Автор е на книгата „20 години те сакам *Монографија за ПМГ колектив”. Автор е и на книгата за деца „Розевата планета” издадена за Чудна Шума на македонски и албански јазик.

Како музички новинар пишувал текстови во Трн, Реборн, Урбан Магазин, Тротоар, Скопско Метро и др. Објавувал своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско Метро и други.

Заедно со музичарот Владан Дробицки, идеен творец е на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, а беше иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Весна Петрушевска ги шета 6-те миленици, Џокер позира со Антониа Гиговска и Барбара Поповиќ: Што пра... Игор Џамбазов ѝ честиташе 60-ти роденден на сестра му Тања: „Сите имаат по некој...
Почина оперската дива Милка Ефтимова (89), амбасадор на македонската уметност и култура во светот Маестралната Милка Ефтимова, која почина на 89 години, отпеа четириесет оперски ...

Најчитани неделава