Детскиот хирург д-р Симеонов си го зема бебето и сопругата од болница - синот Миха е дома

Пет дена по раѓањето на синот Миха, познатиот детски хирург д-р Симеонов, со насмевка на лицето си ги зеде сопругата и бебето од болница.

detskiot-hirurg-d-r-simeonov-si-go-zema-bebeto-i-soprugata-od-bolnica-sinot-miha-e-doma-01.jpg.jpg

Детскиот хирург д-р Ристо Симеонов на 19 март третпат стана татко. По двете ќерки, тој доби син.

А денес (24.03) си ги зема од болница сопругата д-р Камелија Симеонова, детски психијатар, и синот Миха. Со него беше и Мелисија, помалата од двете ќерки на парот.

При излегувањето од болница, д-р Камелија имаше впечатлив стајлинг - таа избра краток фустан со прорез кај градите, а кој ја следи линијата на телото.

detskiot-hirurg-d-r-simeonov-si-go-zema-bebeto-i-soprugata-od-bolnica-sinot-miha-e-doma-02_1.jpg

Фотографиите од моментот кога Миха си оди дома, на својот Фејсбук профил ги сподели д-р Симеонов и се заблагодари на целиот тим што се грижел за неговата сопруга и синчето.

Ова е трето дете на парот, кој веќе има две ќерки, Мелисија и Леона.

detskiot-hirurg-d-r-simeonov-si-go-zema-bebeto-i-soprugata-od-bolnica-sinot-miha-e-doma-03.jpg

Доктор Симеонов во јавноста е познат како прв детски хирург кој во Македонија направи трансплантација на бубрег кај дете.

Неодамна го видовме и на Златна Бубамара на популарноста каде што му ја додели наградата за најдобра етно песна на Давид Темелков.

detskiot-hirurg-d-r-simeonov-si-go-zema-bebeto-i-soprugata-od-bolnica-sinot-miha-e-doma-04.jpg

Прочитајте и Принова во семејството на детскиот хирург д-р Симеонов: „Трето па машко, ти ќе бидеш нашиот херој“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Миха Гигов од „Тин камп“ слави матура, Цаци Паковска емотивна: „Не ми се верува дека вчера беше 11-г... „Не ми се верува дека денес славиш матурска вечер, а како вчера да беше 11-годиш...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава