Браво! 13-годишни деца од Радовиш собраа пари за да му помогнат на соученик со проблеми со говорот

Пет деца од Радовиш напорно работеа за да соберат средства и да му обезбедат логопедски третман на 10-годишен соученик кој има проблеми со говорот. Преку собирање донации и дружба со него, овие деца покажуваат дека хуманоста може да се научи од најмали нозе.

bravo-sedmooddelenci-od-radovish-sobraa-donacii-za-da-mu-pomognat-na-souchenik-koj-ima-problemi-so-govorot-01.jpg

Убаво е да слушнете дека децата од најмала возраст се учат на хуманост и на тоа да им помагаат на своите другарчиња и врсници на кои им е потребна помош и поддршка.

Таква е и приказната за 13-годишните деца волонтери од Радовиш и радовишко, кои се вклучени и работат во рамки на националната алатка на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ).

bravo-13-godishni-deca-od-radovish-sobraa-pari-za-da-mu-pomognat-na-souchenik-so-problemi-so-govorot-04.jpg

Децата учествуваа на различни настани и успеаја да соберат доволно средства за да му помогнат на 10-годишниот Давид од селото Калуѓерица, кој има потреба од логопедски третман, а неговите родители не се во можност да му го обезбедат.

bravo-13-godishni-deca-od-radovish-sobraa-pari-za-da-mu-pomognat-na-souchenik-so-problemi-so-govorot-05.jpg

За овој проект поразговаравме повеќе со Герасим Димитров – ПХВ Дисеминатор за 2024 година од Општинскиот црвен крст во Радовиш.

Тој за CRNOBELO.com појасни како биле собирани средствата и како изгледал проектот на младите волонтери:

„’Детски глас‘ е еден од шесте ПХВ-проекти на Општинската организација на Црвен крст од Радовиш.

Пет младинци од Радовиш му помагаат на малиот Давид да добие говор.

bravo-13-godishni-deca-od-radovish-sobraa-pari-za-da-mu-pomognat-na-souchenik-so-problemi-so-govorot-07_copy_copy.jpg

Како прво, собираат средства преку хуманитарни настани, за Давид да добие логопедски третман.

Беа организирани два хуманитарни настани: еден во ООУ Орце Николов од с. Ињево, каде што учат некои од младинците и еден во подрачното училиште во с. Калуѓерица, каде што учи Давид.

Исто така по повод 1-ви април, имаа активности на терен: „Под маски за детски глас“.

За симболична донација, посетителите на паркот во Радовиш можеа да го фотографираат своето дете со маска или да му подарат на своето дете маска“.

bravo-13-godishni-deca-od-radovish-sobraa-pari-za-da-mu-pomognat-na-souchenik-so-problemi-so-govorot-02.jpg

Благодарение на овие хуманитарни настани, младите волонтери успеале да соберат пари за Давид да започне со логопедски третмани во Радовиш, а Герасим потенцира дека, освен што помагаат со собирање донации, младинците се тука за да се дружат со соученикот и да му помогнат преку дружба во формирањето на говорот.

„Поминатото време со Давид исто така влијае на развојот на неговиот говор. Така, овие волонтери го прославија роденденот на Давид, и поминуваат време со него.

Да му се „даде глас“ на едно дете е многу важна работа. Тоа значително ќе му го подобри квалитетот на животот.

bravo-13-godishni-deca-od-radovish-sobraa-pari-za-da-mu-pomognat-na-souchenik-so-problemi-so-govorot-06.jpg

Мотото на проектите оваа година, како и минатата година гласи: „Мали сме, но доволно големи за големи нешта“.

Под тоа мото овие мали волонтери прават огромни нешта“ – раскажува Герасим.

Освен во овој, младите волонтери при Црвениот крст во Радовиш се вклучени и во повеќе други проекти.

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Лила во секси црвен костим за капење од плажа во Дубаи го честита 1-ви Мај „Сè можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живо...
Давид (33), кој Скопје го замени со Раштак, го прослави роденденот со домашни пити и производи од св... „Времето беше лигаво, а патот до мојата ‘игротека’ каллив и отежнат, но беше уба...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg