Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“

„Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има и повремени врнежи од снег“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-vo-sreda-silno-nevreme-a-od-chetvrtok-zaladuvanje-so-sneg-na-planinite-01.jpg

По вчерашниот мошне топол ден со температури до 30-тиот степен, нè очекува значително заладување, па дури и услови за појава на невреме, како и снег на планините.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Максималните дневни температури вчера се искачија во интервалот од 25 до 32 степени, што значи дека тоа беше најтоплиот ден од овој топол африкански бран.

Веќе денес попладне и навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, поради спуштање на силен ладен атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија ќе дојде до создавање на локални, но силни грмотевични облаци.

slavcho-poposki-meteorolog-vo-sreda-silno-nevreme-a-od-chetvrtok-zaladuvanje-so-sneg-na-planinite-03.jpg

Токму ова ќе услови врнежи од дожд, на повеќе места ќе има обилни врнежи, проследени со грмежи како и со силен јужен ветер (над 70 километри на час).

Локално, овие просеци ќе бидат застапени во форма на поизразено невреме, проследено со силни електрични празнења, олуен ветер, обилен пороен дожд (над 30 л.м2) и силен град, особено во централните делови и во источната половина од државава.

Услови за локално невреме ќе има и во скопскиот регион.

slavcho-poposki-meteorolog-vo-sreda-silno-nevreme-a-od-chetvrtok-zaladuvanje-so-sneg-na-planinite-02.jpg

Потоа, од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има и повремени врнежи од снег.

НАПОМЕНА: Во периодот од вторник доцна попладне, навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“.

Спирова С. | Црнобело

фото: freepik.com, Фејсбук

Би можело да ве интересира:

На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава ... Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе ...
Попладнево во Македонија пороен дожд, грмежи и засилен ветер Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нес...

Најчитани неделава