14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може да направи сѐ“

„Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека секој може да направи сѐ!“ – велат овие две девојчиња од Радовиш кои своето слободно време несебично го вложуваат за да им помогнат на луѓето што имаат потреба од помош, а со тоа се надоградуваат и себеси.

14-godishnite-ana-i-ivona-od-radovish-pomagaat-na-lica-so-posebni-potrebi-nauchivme-deka-sekoj-mozhe-da-napravi-s-01.jpg

Додека голем број нивни врсници слободното време го поминуваат пред компјутер или со мобилниот телефон, овие две девојчиња од Радовиш се посветени на волонтерската работа.

14-godishnite-ana-i-ivona-od-radovish-pomagaat-na-lica-so-posebni-potrebi-nauchivme-deka-sekoj-mozhe-da-napravi-s-02.jpg

Тие се вклучени активно во проектите на националната алатка на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) во Радовиш. 

Ивона Ставрова и Ана Петровска (14) од Радовиш за читателите на CRNOBELO.com ја раскажуваат својата приказна со цел да поттикнат поголем број млади луѓе да го следат нивниот пример.

14-godishnite-ana-i-ivona-od-radovish-pomagaat-na-lica-so-posebni-potrebi-nauchivme-deka-sekoj-mozhe-da-napravi-s-03.jpg

Овие две девојчиња активно се вклучени во работата на дневниот центар „Порака“ , каде активно помагаат и се дружат со лицата со специјални потреби.

„Нашата волонтерска приказна започна со трите обуки од ПХВ програмата.

Потоа продолжи со ‘Бумеранг на среќата’, проект во којшто делевме пораки до институциите и им се заблагодарувавме.

Потоа со сите волонтери го разубавивме влезот на општинската организација на Црвениот крст во Радовиш“ – раскажуваат тие.

14-godishnite-ana-i-ivona-od-radovish-pomagaat-na-lica-so-posebni-potrebi-nauchivme-deka-sekoj-mozhe-da-napravi-s-04.jpg

Овие две девојчиња досега биле вклучени во повеќе проекти. Освен што работат во дневниот центар „Порака“, помагале при скриниг на пациенти во Здравствениот дом во Радовиш, а учествувале и во тактичко показна вежба за заштита од пожари во основните училишта во градот.

14-godishnite-ana-i-ivona-od-radovish-pomagaat-na-lica-so-posebni-potrebi-nauchivme-deka-sekoj-mozhe-da-napravi-s-08.jpg

За работата со лицата со посебни потреби од дневниот центар „Порака“ велат дека е најважно што и дел од овие лица биле вклучени како волонтери и ги вршеле истите активности со нив.

„Со тоа научивме дека секој може да направи сѐ!“ – велат овие две девојчиња.

14-godishnite-ana-i-ivona-od-radovish-pomagaat-na-lica-so-posebni-potrebi-nauchivme-deka-sekoj-mozhe-da-napravi-s-05.jpg

Освен што активно се вклучуваат во проектите на Црвениот крст, Ана и Ивона имале и обука за јавен говор, а научиле како да прават и промотивни видеа.

По повод Денот на лицата со Даунов синдром, тие две биле вклучени во изработка на промотивно и информативно видео.

https://www.facebook.com/watch/?v=2584287281732710

Овие две девојчиња велат дека се среќни што нивната рутина целосно се променила, а нивната желба е да продолжат да волонтираат и понатаму и да учествуваат на општински и регионални натпревари по прва помош.

Тие две се доказ дека да се биде волонтер значи да имаш огромна желба и срце за да помогнеш, а времето ќе се најде секогаш.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg