Гест за пример! Волонтери го расчистија ѓубрето околу скопскиот Аквадукт

„Преубави ентузијастички луѓе за 2 часа го претворија Аквадуктот од депонија во рај и наполнија не еден, туку 2 камиона до горе со сѐ и сешто - од пластични шишиња, до огромни и тешки гуми, теписи, тоалетни школки и разни други чудни ‘ствари’,“ напишаа организаторите на волонтерската акција. 

gest-za-primer-volonteri-go-raschistija-gjubreto-okolu-skopskiot-akvadukt-01.jpg

Еколошкото движење „За почиста Македонија“, чија цел е да ја зголеми свеста за еколошки начин на живот и градење општество без ѓубре, организираше акција за чистење на ѓубрето кое се наоѓа во околината на скопскиот аквадукт.

Организаторите испратија јавен апел до сите што сакаа да се приклучат на акцијата да дојдат кај Аквадуктот.

По два часа чистење, велат, дека просторот околу Аквадуктот го претвориле од депонија во рај, па на социјалните мрежи објавија фотографии од нивната еко-акција.

„Прекрасна акција кај Аквадуктот. Дождот од претходниот ден се повлече и дозволи да се соберат преубави ентузијастички луѓе кои за 2 часа го претворија Аквадуктот од депонија во рај и наполнија не еден, туку два камиона до горе со сѐ и сешто - од ситно ѓубре, како пластични шишиња, до огромни и тешки гуми, теписи, веце шолји и разни други чудни ‘ствари’.

Да повториме, не чистиме само за да биде почисто, туку за да инспирираме и мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување.

Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“, напишаа меѓу другото во својата објава и им се заблагодарија на сите што им помогнале да ја организираат оваа еко акција.

gest-za-primer-volonteri-go-raschistija-gjubreto-okolu-skopskiot-akvadukt-04.jpg

Овој чин предизвика воодушевување во јавноста, па волонтерите и организаторите добија бројни пофалби.

„Екипа за пример! Вака се сака и чува Македонија“, „Секоја чест другари“, „Браво за иницијативата и реализацијата. Посакувам да допре до надлежните и да стане редовна пракса!“, „Мотивирате и инспирирате“, се дел од коментарите.

gest-za-primer-volonteri-go-raschistija-gjubreto-okolu-skopskiot-akvadukt-07.jpg

Но, на Фејсбук имаше и такви кои ги критикуваа.

„За секоја пофалба, ама на крајот ја ‘упрскавте’! Воопшто не ви требаше пентарењето на Водоводот. Тој и без тоа е во многу лоша состојба и сигурно сте му нанеле дополнителна штета со вашето пентарење! Покажавте отсуство на свест за потребата од заштита на спомениците на културата!“, стои во еден од коментарите.

Повеќе фотографии од еко-акцијата:

gest-za-primer-volonteri-go-raschistija-gjubreto-okolu-skopskiot-akvadukt-02.jpg

gest-za-primer-volonteri-go-raschistija-gjubreto-okolu-skopskiot-akvadukt-03.jpg

gest-za-primer-volonteri-go-raschistija-gjubreto-okolu-skopskiot-akvadukt-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...

Најчитани неделава