Гостиварка со ангелски глас: Тамара Грујеска победи на фестивал во Србија – освои 2 трофеи

„Ви благодарам за максималната беспрекорна поддршка“ – напиша Тамара Грујеска до фотографијата на која гордо позира до двата трофеи со кои се враќа од Белград. Девојчето со ангелски глас бележи уште еден успех.

bravo-tamara-grujeska-pobedi-na-festival-vo-srbija-vo-gostivar-se-vrakja-so-2-trofei-01.jpg

Минатогодишната претставничка на Македонија на јуниорскиот Евросонг, Тамара Грујеска (14), забележа уште еден успех.

Таа е апсолутен победник во својата категорија на фестивалот Angel Voice во Србија.

bravo-tamara-grujeska-pobedi-na-festival-vo-srbija-vo-gostivar-se-vrakja-so-2-trofei-10_copy.jpg

Во рамки на фестивалот, Тамара имаше моќна изведба на песните I Surrender од Селин Дион и I See Red од Everybody Loves An Outlaw, а тоа ѝ донесе награда Гран При Тин (Grand Prix Teen), но и награда за победник во категоријата Teen Voice.

За нејзиниот изглед се погрижи нашата дизајнерка Ива Спасовска, која за неа креираше два аутфити во розова и сина боја.

bravo-tamara-grujeska-pobedi-na-festival-vo-srbija-vo-gostivar-se-vrakja-so-2-trofei-06.jpg

bravo-tamara-grujeska-pobedi-na-festival-vo-srbija-vo-gostivar-se-vrakja-so-2-trofei-11_copy.jpg

Младата Тамара од Белград во родниот Гостивар се враќа со два трофеи и две дипломи.

На социјалните мрежи, таа објави неколку фотографии од настапите, а во описот накратко се заблагодари за поддршката.

„Ви благодарам за максималната беспрекорна поддршка, многу ми значи“ – напиша таа до фотографиите.

bravo-tamara-grujeska-pobedi-na-festival-vo-srbija-vo-gostivar-se-vrakja-so-2-trofei-02.jpg

Инаку, Angel Voice е интернационален детски музички фестивал кој секоја година се одржува во Белград.

bravo-tamara-grujeska-pobedi-na-festival-vo-srbija-vo-gostivar-se-vrakja-so-2-trofei-03.jpg

За потсетување, Тамара во 2023-та година ја претставуваше Македонија на јуниорскиот Евросонг во Ница, каде ја изведе песната „Кажи ми, кажи ми кој“.

Во продолжение да се потсетиме на настапот на Тамара во Ница:

Прочитајте и Гордост за Македонија: 11-годишната Тамара од Гостивар освои Гран При на фестивал во Русија (видео)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Тамара Тодевска му честита роденден на Лука, по гласините дека не се заедно: „Те бирам тебе – секога... „Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави“ – напиша Тамара Т...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава