Марко од Скопје ја запроси саканата Ангела во Рим: „До последен миг стравував дека времето нема да се поправи“

„Прстенот го купив точно на годишнината, што значи дека 4 месеци беа потребни за да се дојде до вистинскиот момент и да се поклопат сите нешта за сè да биде совршено“ – раскажува за CRNOBELO.com, Марко Стојковски кој ѝ приреди магично запросување на саканата Ангела.

marko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-vo-rim-do-posleden-mig-stravuvav-deka-vremeto-nema-da-se-popravi-01.jpg

Марко Стојковски (32) и Ангела Тасева (26) од Скопје се свршија на руфтоп барот на Oro Bistrot во Рим со магичен поглед кон градот.

Марко е вработен во неговата семејната компанија „Бујото“, а Ангела работи како ПР агент и на неговиот роденден на 3-ти јуни годинава ќе прослават 1 година и 4 месеци врска.

marko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-vo-rim-do-posleden-mig-stravuvav-deka-vremeto-nema-da-se-popravi-02_copy.jpg

Во изјава за CRNOBELO.com Марко раскажува како дошол до идеја да ја запроси саканата во Рим, но и со кои предизвици се соочил.

Како што вели, неговата сакана воопшто не очекувала дека од патувањето во Рим ќе се врати со свршенички прстен.

„Знаевме да го спомнеме заедничкиот живот како тема за која јас секогаш велев дека има време во наредните години, нема каде да брзаме, за да не ми се открие намерата, така што Ангела немаше никакво претчувство за она што ќе ѝ се случи во Рим.

Прстенот го купив точно на годишнината, што значи дека 4 месеци беа потребни за да се дојде до вистинскиот момент и да се поклопат сите нешта за сè да биде совршено, кога ќе ја побарам за животен партнер“ – раскажува тој.

marko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-vo-rim-do-posleden-mig-stravuvav-deka-vremeto-nema-da-se-popravi-04.jpg

Рим како дестинација бил предлог на неговата сакана Ангела, а за Марко тоа совршено се вклопило во она што тој го имал замислено за посебниот ден.

„Мислам дека цела Италија е прекрасна и романтична, така што која дестинација и да ја одберете, нема да згрешите.

А, Рим посебно има премногу традиција, емоција и прекрасни глетки од кои здивот застанува“ – раскажува тој.

marko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-vo-rim-do-posleden-mig-stravuvav-deka-vremeto-nema-da-se-popravi-03.jpg

Марко рече дека бил смирен за време на патувањето и немал никаков проблем со криењето на прстенот за време на престојот во хотелот.

Се шегува дека неговиот куфер бил постојано отворен и дека е многу веројатно оти она што ви е пред очи не го гледате.

Но, дополни дека сепак мудро решил да го стави во внатрешната постава, близу рачките, каде што Ангела сигурно нема да побара.

marko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-vo-rim-do-posleden-mig-stravuvav-deka-vremeto-nema-da-se-popravi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава