Александра Шијакоска е бремена - објави емотивно видео со сопругот и трудничкото стомаче

„Некогаш далечен сон, денес реалност“ – напиша Александра Шијакоска до емотивното видео со кое објави дека е бремена со своето прво дете, по тешката животна битка која ја извојува.

aleksandra-shijakoska-e-bremena-objavi-emotivno-video-so-soprugot-i-trudnichkoto-stomache-01.jpg

Битолската инфлуенсерка Александра Шијакоска соопшти прекрасна вест – со сопругот Едмонд го очекуваат нивното прво дете.

На нејзиниот Инстаграм профил таа објави романтично и емотивно видео со саканиот покрај плажа.

Таа го покажа трудничкото стомаче и ехо снимките, а двајцата блескаат од среќа во најубавите моменти, по бурниот период кој конечно е зад нив. 

Инаку, на 29-годишна возраст, битолчанката се бореше со тешка животна битка, откако ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот.

Таа храбро и силно успеа да излезе како победник од оваа битка, а покрај неа, освен нејзиното семејство, постојано беше нејзиниот сакан Едмонд. 

Во јули 2023, тие официјално стапија во брак на прекрасна свадбена церемонија, а една година подоцна, им се исполни најголемиот сон, да станат родители.  

aleksandra-shijakoska-e-bremena-objavi-emotivno-video-so-soprugot-i-trudnichkoto-stomache-02.jpg

Прекрасната Александра е вистинска инспирација за сите кои минале низ слична животна битка и доказ дека и најнереалните соништа може да се исполнат, а животот да се живее со полн здив. 

Прочитајте и Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, сила најдов во луѓето кои ме сакаат“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска го покажа животот на село, со животни и спокој: „Не ми пречат 20 минути возење ... „Животот на село последните четири години... Има и позитивни и негативни страни ...
Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
Се породи Александра Јанева - Пејачката стана мајка 3 дена по својот роденден Александра Јанева се породи вчера (28 мај), откако на 25 мај и самата славеше ро...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава