Горди сме! Македон се закити со златен медал на математичка олимпијада во САД

Учебната 2023/2024 беше многу плодна за малиот Македон. Математичкиот генијалец напиша книга од областа на астрономијата, а покрај златниот медал на натпреварот „Математика без граници“, тој освои и златен медал на Математичка олимпијада за основци во САД.

gordi-sme-makedon-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-matematichka-olimpijada-vo-sad-01_copy.jpg

Нашиот мал математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД.

gordi-sme-makedon-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-matematichka-olimpijada-vo-sad-02_copy.jpg

Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето „НОВА“ каде што доби целосна стипендија за образование обезбедена од компанијата Пантелеон ГС и „НОВА“.

gordi-sme-makedon-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-matematichka-olimpijada-vo-sad-03.jpg

Инаку оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.

gordi-sme-makedon-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-matematichka-olimpijada-vo-sad-06_copy.jpg

Пред крајот на оваа учебна година малиот генијалец од Тетово го доби златниот медал и сертификатот за постигнатиот успех на Олимпијадата.

gordi-sme-makedon-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-matematichka-olimpijada-vo-sad-05_copy.jpg

Инаку, ова беше мошне плодна година за Македон. Тој напиша книга на англиски јазик од областа на астрономијата, а во февруари се закити и со уште еден златен медал на натпреварот „Математика без граници“.

gordi-sme-makedon-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-matematichka-olimpijada-vo-sad-04_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Генијалецот Македон (9) напиша книга од областа на астрономијата: „Сакам да имаме повеќе научници во... Освојува медали по математика, игра шах, а нашол време и да напише цел научен тр...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Елена Најдоски во Грција, Владимир Четкар на Охридско Езеро - Кои познати Македонци ја дочекаа есент... Едни во Грција, други во Турција, трети на Јадранско Море - многу познати Македо...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg