Генијалецот Македон (9) напиша книга од областа на астрономијата: „Сакам да имаме повеќе научници во иднина“

Освојува медали по математика, игра шах, а нашол време и да напише цел научен труд од областа на астрономијата. За малиот генијалец Македон, ништо не е тешко. Тој се пофали дека ја напишал својата прва научна книга во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.

genijalecot-makedon-9-napisha-kniga-od-oblasta-na-astronomijata-sakam-da-imame-povekje-nauchnici-vo-idnina-01.jpg

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски, се пофали со својата прва научна книга објавена на англиски јазик, која е насловена: „Вселената: Од атоми до универзумот“ (Space: From Atoms to the Universe).

Во книгата Македон зборува за вселената и за планетите, ѕвездите и галаксиите.

„Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат“ – вели малиот генијалец.

genijalecot-makedon-9-napisha-kniga-od-oblasta-na-astronomijata-sakam-da-imame-povekje-nauchnici-vo-idnina-05.jpg

Тој појаснува дека неговата книга се состои од 19 поглавја, од кои секое се занимава со посебен вид вселенски објекти.

„Во првото поглавје се зборува за субатомски честички, најмалите делови во вселената.

Второто поглавје зборува за електрони, неутрони, протони, атомски јадра и атоми како основни елементи за изградба на универзумот“ – појаснува Македон.

genijalecot-makedon-9-napisha-kniga-od-oblasta-na-astronomijata-sakam-da-imame-povekje-nauchnici-vo-idnina-03.jpg

Неговата книга зборува за галаксиите, црните дупки, кометите, џуџестите планети, за гасовитите џинови, за големите планети... Сѐ на сѐ Македон направил едно сеопфатно истражување, а на неговото знаење може да завидат и голем број интелектуалци.

Тој нагласува дека иако ја напишал книгата на англиски јазик, во иднина планира да ја преведе и на македонски со цел што е можно повеќе луѓе да можат да ја прочитаат.

genijalecot-makedon-9-napisha-kniga-od-oblasta-na-astronomijata-sakam-da-imame-povekje-nauchnici-vo-idnina-04.jpg

За потсетување, Македон Димитровски има 9 години и поседува неверојатен талент за математика и природни науки. Македонската јавност слушна за него кога тој имаше само седум години, а веќе зборуваше повеќе странски јазици и решаваше математички задачи наменети за средношколци.

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зб... „Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...

Најчитани неделава