„Горд сум што сум твој татко“ – Четвртата ќерка на Пере Нокаут наполни 1 година

„Среќен прв роденден на мојата прекрасна четврта ќерка, ти си татина јаготка“ – напиша Пере по повод првиот роденден на неговата најмала ќерка. Погледнете повеќе фотки од нејзиното раѓање до денес, низ семејниот Инстаграм албум на пејачот.

gord-sum-shto-sum-tvoj-tatko-chetvrtata-kjerka-na-pere-nokaut-napolni-1-godina-01.jpg

Најголемото богатство на Никола Перевски – Пере се неговите 4 ќерки.

Миа, Каја, Софи и Ирис, кои иако се полусестри, имаат одличен однос и функционираат како совршено семејство.

Најмалата ќерка, Ирис, која Пере ја доби со сопругата Јована, денес (12.06.2024) полни 1 година.

На Инстаграм тој објави преслатка фотографија од неа на летен одмор, облечена во фустанче со лимони, а во описот стои:

„Среќен прв роденден на мојата прекрасна четврта ќерка, драга моја Ирис! Твојата насмевка е нашето сонце, твојата смеа е нашата радост.

Нека твојот живот биде исполнет со љубов,  и благослови. Горд сум што сум твој татко и што ја имам честа да те гледам како растеш и се развиваш.

Те сакам без граници ти си татина јаготка“.

Инаку, Пере и сопругата уживаат времето со ќерките да го поминуваат на патување, покрај езеро или море и често објавуваат семејни фотки од нивните одмори, со четирите девојчиња.

Тој знае да сподели и моменти од нивното секојдневие, како кога неговите најмали нокаутерки и разбивачки на сон, како што ги нарекува, го будат рано од спиење.

За четирите негови ќерки пак, тој е најгорд, а во една прилика напиша:

„Четирите блескави скапоцени камења на мојот живот, моите четири ќерки. Секој од нив е уникатен, секој е посебен, но сите тие се дел од моето срце.

Горд сум на нивната сила, храброст, љубов и сочувство. Нека светот ја сведочи нивната убавина, внатре и надвор.

Љубовта кон нив е нешто што не може да се искаже со зборови“.

Во продолжение погледнете повеќе фотки кои Пере ги има објавено со малата Ирис, од моментот кога се роди па до денес:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава