Ребека, Македонка во САД со моќна порака: „Пробав и сфатив - не сме сите за семеен живот и тоа е во ред“

„Разбрав дека јас сум створена за кариера, работа и љубов и тоа е во ред“ – порача меѓу другото Ребека Наумоска, која по разводот со сопругот и малата криза, успеа да докаже дека жените знаат и умеат и сами да се изборат во животот доколку инвестираат во себе, а главен мотив ѝ е синот. 

rebeka-makedonka-vo-sad-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-ne-sme-site-za-semeen-zhivot-i-toa-e-vo-red-01.jpg

По бурниот период со разводот, нашата Ребека Наумоска, која живее во Сан Франциско, САД целосно се посвети на синот и на кариерата, а секојдневно преку социјалните мрежи се обидува да упати моќна порака до сите жени кои се соочуваат со бурни периоди во нивните животи.

rebeka-makedonka-vo-sad-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-ne-sme-site-za-semeen-zhivot-i-toa-e-vo-red-02.jpg

Таа во последната една година успеа да основа своја академија за странски јазици и го најави својот прв роман „Тело без душа“, кој е инспириран од вистински настани.

rebeka-makedonka-vo-sad-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-ne-sme-site-za-semeen-zhivot-i-toa-e-vo-red-04.jpg

Освен тоа, таа секојдневно на Инстаграм упатува моќни пораки до жените да инвестираат во себе и во сопственото знаење, наместо да чекаат некој да ги издржува. 

Во таа насока е и нејзината последна објава на Инстаграм во која зборува за тоа како првично се обидела да ја игра улогата на традиционална домаќинка, во семејство во кое сопругот е тој што придонесува за домот.

„Сфатив дека овие услови не ми одговараа. Ми стана јасно дека јас сум кариерно ориентирана жена која ужива да работи, да предава и да постигнува нови цели.

Јас сум мотивирана, амбициозна и одлучна да постигнам нови успеси на професионален план. Исто така ја разбирам важноста од добивање здрава љубов и поддршка и знам како да ја возвратам љубовта.

Да се прифатиме и сакаме себеси такви какви што сме си“ – им порача Ребека на нејзините следбеници.

На самото видео таа напиша:

„Пробавме топол дом и семејство, но разбрав дека јас сум створена за кариера, работа и љубов и тоа е во ред.

Да се прифатиме меѓусебно такви какви што сме и да го разбереме моментот дека не сме сите за семеен живот: маж, деца, куќа, куче.“

За потсетување, Ребека е родена во Скопје, а детството го поминала во Франкфурт, Германија. По запознавањето со поранешниот сопруг Марк се преселила во Сан Франциско во САД.

По разводот од сопругот и кризата низ која помина, таа постојано покажува и докажува дека жените знаат и умеат и сами да се изборат во животот, доколку инвестираат во себеси и се решени да бидат среќни и успешни. 

rebeka-makedonka-vo-sad-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-ne-sme-site-za-semeen-zhivot-i-toa-e-vo-red-05.jpg

Прочитајте и Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омраза?“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава