Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Славчо Попоски, метеоролог: „Топлотниот бран ќе се задржи до 7 дена, на некои места температури и до 40°C“

„Особено топло ќе биде од среда, па во деновите потоа кога температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени Целзиусови, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 40, 41 степен Целзиусов“, вели Славчо Попоски за претстојниот период.

slavcho-poposki-meteorolog-toplotniot-bran-kje-se-zadrzhi-do-7-dena-na-nekoi-mesta-temperaturi-i-do-40-stepeni-01.jpg

Се чини нема да здивнеме од многу жешкото време бидејќи според прогнозите, екстремно високите температури ќе продолжат уште некој период.

Топлотниот бран ќе потрае уште неколку дена, а поради високиот УВ индекс, важно е да се заштитиме и да не излегуваме надвор кога е најжешко.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојниот период:

„Од денес во атмосферата кај нас ќе бидат присутни сахарска прашина и песок кои ќе се задржат речиси целата оваа недела.

Па така, и времето ќе биде мачно и спарно, а температурите кои ги очекуваме ќе ги чувствуваме како да се многу повисоки од реално измерените. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.

Сепак, денес попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 35, 36 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-toplotniot-bran-kje-se-zadrzhi-do-7-dena-na-nekoi-mesta-temperaturi-i-do-40-stepeni-02.jpg

Особено топло ќе биде од среда, па во деновите потоа кога температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени Целзиусови.

На повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени Целзиусови, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до околу 40, 41 степен Целзиусов.

Апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, и тоа поради многу до екстремно високиот УВ индекс кој ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9, но и поради многу топлото време и, секако, да пијат повеќе течности.

Според прогностичките материјали со кои сега располагаме, овој топол бран ќе се задржи 6 до 7 дена“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожар... Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од по...
Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на септември, температури и до 30 степени Целзиусови“ „Следната седмица можете да уживате во 'мини летото' кое се очекува кај нас“, ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg