Видео што ги топи срцата: Внуката на починатиот актер Бранко Ѓорчев пее песна од Дац и Александар на концерт

Скоро 16 месеци откако во Драмски театар во Скопје одржаа концерт за Денот на жената, 8-ми Март, Дац и Александар на својот Инстаграм објавија слатко видео во кое мало девојче пее нивна песна.

video-shto-gi-topi-srcata-vnukata-na-pochinatiot-akter-branko-gjorchev-pee-pesna-od-dac-i-aleksandar-01.jpg

Дац и Александар повторно ги собраа аплаузите од своите фанови.

Но овој пат, тоа не го направија на сцената, туку со последното видео што го објавија на Инстаграм.

Топење на срцата. Браво за нашиот најмал фан“, стои во описот на видеото, а на кое се гледа како мало девојче доаѓа на сцената и пред цела публика го пее рефренот на песната „Уште ми фалиш“.

„Дојди кај мене. Сакаш да запееш, да ти дадам микрофон? Ајде да видам како пееш“, му вели Дац на девојчето.

video-shto-gi-topi-srcata-vnukata-na-pochinatiot-akter-branko-gjorchev-pee-pesna-od-dac-i-aleksandar-03.jpg

Откако таа го испеа рефренот, публиката ја поздрави со силен аплауз, а Дац откри дека станува збор за малата Матеа, внука на починатиот актер Бранко Ѓорчев.

„Ова е златната внука на мојот пријател Бранко Ѓорчев, кој веќе не е меѓу нас, за жал“, вели Дац.

video-shto-gi-topi-srcata-vnukata-na-pochinatiot-akter-branko-gjorchev-pee-pesna-od-dac-i-aleksandar-04.jpg

По ова публиката станува на нозе за да му оддаде почит на прерано починатиот глумец.

За потсетување, концертот на Дац и Александар во Драмски се одржа во март 2023, но тие дури сега споделуваат видеа од дружењето со публиката. 

video-shto-gi-topi-srcata-vnukata-na-pochinatiot-akter-branko-gjorchev-pee-pesna-od-dac-i-aleksandar-06.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Бранко од Kan Gym емотивен за 50-тиот роденден: „Со Елена се запознавме пред 17 години, имам последи... „Со Елена се запознавме пред 17 години. Никогаш не се разочарав во она што ме пр...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава