Славчо Попоски, метеоролог: „И оваа недела екстремно топло време – температури над 40˚C и тропски ноќи“

„Температурите во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени Целзиусови“, вели Славчо Попоски за оваа недела.

slavcho-poposki-meteorolog-i-ovaa-nedela-ekstremno-toplo-vreme-temperaturi-do-45-c-i-tropski-nokji-01.jpg

Топлотниот бран што нè измачува веќе некое време ќе продолжи и неделава, а температурите може да надминат и 40 степени Целзиусови.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за оваа недела:

„Екстремно топлиот африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени Целзиусови, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени Целзиусови.

Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени Целзиусови, но повремено таа ќе надминува и 40 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-i-ovaa-nedela-ekstremno-toplo-vreme-temperaturi-do-45-c-i-tropski-nokji02.jpg

УВ индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.

Тука се и тропските ноќи, односно температурите на повеќе места во Македонија во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштат под 20 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Тајзи откри дека ќе стане татко, 4 месеци откако ја запроси саканата: „Господ нè благослови со најуб... „Наскоро ќе станеме родители“ – напиша Тајзи во описот на фотката на која ја бак...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава