„Не се дишеше, многу е лошо“ - Сведоштва на луѓето кои ги гаснат пожарите низ Македонија

Апокалиптични глетки од пожарите во Македонија, додека екипите се на терен и напорно работат на локализирање и гаснење на пожарите, голем број од граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии од огнената стихија која ги зафати нашите планини, но и собираат донации за луѓето кои се борат со огнената стихија.

3-shishinja-voda-ispiv-na-eks-ne-se-dishe-svedoshtva-na-lugjeto-koi-gi-gasnat-pozharite-niz-makedonija-01.jpg

Додека екипите се на терен и напорно работат на локализирање и гаснење на пожарите, на социјалните мрежи, жителите на Радовиш, Неготино, Битола објавуваат фотографии и видеа од огнената стихија што беснее во близина на нивните градови.

Исто така, на Фејсбук страниците на некои од градовите се објавени разговори од граѓани кои учествуваат во гаснењето на пожарите.

На Фејсбук страната „Бабам Битола“ е објавен разговорот со еден битолчанец, Дејан Јанкуловски Бучуко, кој е благодарен за донациите за вода, што ги организирале преку страната и им помогнале на луѓето кои биле вклучени во борбата со огнената стихија.

На прашањето дали им се нашле донациите со водата што битолчани доцна во ноќта ги собирале за да им помогнат на доброволците и пожарникарите, тој вели:

„Не да се најде. Пукнавме. Три шишиња вода испив на екс. Не се дишеше.

Многу лошо, немаше вода воопшто. Сите трчавме на чешма, се миевме, плакневме, се мокревме, полневме шишиња, притисокот се намали, убаво направи со водата.

Ни се најде многу“ – стои во неговите пораки.

И други хумани битолчани се вклучија во акцијата за да се помогне во гаснењето на пожарот, а објавени се и фотки на кои се гледа огнената стихија над градот на конзулите.

Радовишани, пак, објавија фотографии од пожарот што избувна на планината Плачковица. Екипите на Radovis News објавија видео на кои одблиску се гледа пожарот.

За пожарот во Радовиш апелираше и нашиот прогнозер Славчо Попоски кој на Фејсбук објави повеќе фотографии од огнот над градот.

На Фејсбук страницата на територијалната противпожарна единица во Кавадарци, се објавени фотографии од нивните пожарникари кои го делат бојното поле во неготинско со доброволци, полицајци и војници од целата држава кои вложуваат максимални напори за да го стават под контрола пожарот на планината Серта.

„Од рано наутро до доцна навечер покрај нашиот заеднички непријател - пламенот, на температура до 45 степени, најголемо задоволство претставува крајот по завршената работа, со чувството дека си направил нешто добро, нешто корисно за себе, за твоите најблиски, за државата.

Борбите со огнената стихија се водат рамо до рамо со до тој момент 'непознати лица' кои имаат иста цел, а тоа е да направат нешто добро, нешто хумано“ – стои на Фејсбук страницата.

На планината Серта горат уште неколку пожари, а во текот на вчерашниот ден, жител на селото Горни Липовиќ бараше помош на Фејсбук страницата Македонски тутунари и апелираше да се соберат доброволци кои би можеле да помогнат.

„Работата е сериозна. Пожарот е блиску до двете села Горни и Долни Липовиќ.

Лично јас како жител на Горни Липовиќ се борам со пожарот.

И е на еден километар до селото... Дајте хуманост ве молам“ – пишува загрижениот жител на селото.

3-shishinja-voda-ispiv-na-eks-ne-se-dishe-svedoshtva-na-lugjeto-koi-gi-gasnat-pozharite-niz-makedonija-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава