Славчо Попоски, метеоролог: „Можно е невреме во текот на неделата, температурите значително ќе опаднат“

„Во делови од Скопската Котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме“, вели Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-mozhno-e-nevreme-vo-tekot-na-nedelata-temperaturite-znachitelno-kje-opadnat01.jpg

Топлотниот бран со температури и до 40˚C трае повеќе од две недели. Освен краткотрајните врнежи минатата недела, изминатиов период не видовме ни облак на небото.

Сепак, според последните прогнози, сосема возможно е во текот на неделата да забележиме промена на времето, па дури и невреме.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојната недела:

„Во текот на оваа нова работна седмица во Македонија, особено во попладневните и во вечерните часови, ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

slavcho-poposki-meteorolog-mozhno-e-nevreme-vo-tekot-na-nedelata-temperaturite-znachitelno-kje-opadnat3.jpg

И во делови од Скопската Котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.

Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

slavcho-poposki-meteorolog-mozhno-e-nevreme-vo-tekot-na-nedelata-temperaturite-znachitelno-kje-opadnat02.jpg

Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.

Позначително ќе опаднат кон крајот на оваа работна седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25˚C до 33˚C, додека наутро тие ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 10˚C и 19˚C“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Попладнево во Македонија пороен дожд, грмежи и засилен ветер Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нес...
На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава ... Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе ...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Славчо од Охрид и Камилле од Бразил: „Ќерката ќе ни се вика Елена, а ќе се роди во Рио де Жанеиро“ „Дел од прославите ги правиме во Македонија, дел во Бразил. Нашата ќеркичка ќе с...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава