Од денес почнуваат Богородичните пости – Наредните 2 недели ќе покажат какво ќе биде времето во цела година

Од денес почнуваат деновите што во народот се познати како Макавеи, кога се предвидувало какво ќе биде времето во текот на цела година, а истовремено започнува и строгиот пост посветен на празниците Преображение Христово и Успение на Пресвета Богородица.

od-denes-pochnuvaat-bogorodichnite-posti-narednite-2-nedeli-kje-pokazhat-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-cela-godina-01.jpg

Од денес (14.08) започнуваат богородичните пости, посветени на големите празници коишто се ближат, а траат само две седмици.

Првата седмица од постите е посветена на празникот Преображение Христово (19.08), а втората е посветена на празникот Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица (28.08).

od-denes-pochnuvaat-bogorodichnite-posti-narednite-2-nedeli-kje-pokazhat-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-cela-godina-02.jpg

Ова е најкраткиот од четирите годишни пости, а е мошне сличен со постите пред Велигден.

Правилата за постот се следни: Од понеделник до петок се пости строго, без масло, додека во сабота и недела е дозволено да се консумира масло.

За празникот Преображение Христово се дозволува да се консумира масло и риба.

od-denes-pochnuvaat-bogorodichnite-posti-narednite-2-nedeli-kje-pokazhat-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-cela-godina-03.jpg

Во некои краишта кај нас постои уверувањето дека во рамките на овие пости првата недела се пости без масло, а втората со масло, но тоа уверување не е точно и не е прифатено од нашата црква.

Според православниот календар, постот треба да трае заклучно со празникот Успение на Пресвета Богородица, кога е дозволено да се јаде риба и масло.

Инаку, Богородичните пости, секоја година започнуваат на ист датум, на празникот седумтемина Макавеи, кој многу се почитувал во минатото.

Според нив се гледало какво ќе било времето. Според верувањата, на овој ден не се работело, а во првите 12 дена можело да се прогнозира какво ќе биде времето во наредните 12 месеци.

od-denes-pochnuvaat-bogorodichnite-posti-narednite-2-nedeli-kje-pokazhat-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-cela-godina-04_copy.jpg

Според верувањата секој ден од 14 до 25-ти август означувал по еден месец.

Според едни толкувања ако тој ден времето било убаво, тоа значело дека во месецот што го означува тој ден времето ќе било убаво.

Според други толкувања пак, ако на 14-ти август времето е жешко, тоа значи дека јануари ќе биде многу студен, а ако на 15-ти времето е постудено, тоа значи дека февруари ќе биде потопол.

Речиси во сите краишта овој ден се сметал за тежок празник, а освен што постеле и не работеле, во некои краишта жените верувале дека во овој период децата не треба да се бањаат.

od-denes-pochnuvaat-bogorodichnite-posti-narednite-2-nedeli-kje-pokazhat-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-cela-godina-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...

Најчитани неделава