„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска

„Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката Тања Кочовска која објави кратко видео на кое се гледа дека влегува во море со салто наназад. Колкумина од вас може да се пофалат дека можат да скокнат вака?

bravo-carica-tanja-kochovska-so-salto-vleguva-vo-voda-vo-hrvatska-01_copy.jpg

Нашата позната актерка Тања Кочовска деновиве е на одмор во Хрватска, од каде објавува видеа и фотографии.

Последното видео во кое со салто наназад влегува во вода, привлече огромно внимание кај нејзините следбеници.

Актерката во краткиот опис до видеото појасни дека во моментот биле во посета на Одисејевата пештера (локално позната како Odisejeva špilja), којашто се наоѓа на јужниот брег на островот Млет.

Ова е осмиот по големина остров во Хрватска, кој се наоѓа во близина на Дубровник и Корчула.

Видеото во кое се гледа како таа со салто наназад влегува во вода, привлече голем број позитивни коментари од нејзините следбеници:

„Браво царица“;

„Олимпиец“;

„Секоја чест Тања, детето во тебе“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

Инаку, освен ова видео, Тања објави фотка на која се гледа дека освен во пливање во Хрватска уживала и во кајакарење.

bravo-carica-tanja-kochovska-so-salto-vleguva-vo-voda-vo-hrvatska-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава