Славчо Попоски, метеоролог: „Од четврток пороен дожд и грмежи на повеќе места во Македонија“

„Дневните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени Целзиусови, додека наутро ќе биде посвежо, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени Целзиусови“, вели Славчо Попоски за оваа недела.

slavcho-poposki-meteorolog-od-chetvrtok-poroen-dozhd-i-grmezhi-na-povekje-mesta-vo-makedonija-01.jpg

Се чини дека екстремно високите температури конечно ќе почнат да се намалуваат, а во текот на неделава ќе има и појава на локално време.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојната недела:

„Од денес (понеделник) па во деновите потоа, полека територијата на Македонија ќе потпаѓа под влијание на висински циклон кој ќе биде со центар јужно и југоисточно од нас, односно некаде над Грција и Турција.

Во ваква ситуација, во попладневните часови атмосферата полека ќе се дестабилизира и ќе има развој на локални грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

slavcho-poposki-meteorolog-od-chetvrtok-poroen-dozhd-i-grmezhi-na-povekje-mesta-vo-makedonija-03.jpg

Од денес (понеделник) до среда, условите за нестабилност нема да бидат премногу големи, што значи процесите ќе бидат локални.

Многу поголеми услови за нестабилност во попладневните часови ќе имаме од четврток па натака кога на повеќе места во Македонија ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

slavcho-poposki-meteorolog-od-chetvrtok-poroen-dozhd-i-grmezhi-na-povekje-mesta-vo-makedonija-02.jpg

Што се однесува до температурите, тие за време на овој период секој нареден ден ќе бележат тенденција на постепен пад, а особено пад на истите ќе има во втората половина од седмицата кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени Целзиусови.

Наутро, пак, ќе биде поприлично свежо, со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Попладнево во Македонија пороен дожд, грмежи и засилен ветер Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нес...
На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава ... Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава