Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ со добротворна инцијатива: „Да испратиме 15 семејства на одмор“

Ви се обраќаме во името на здружението на граѓани „КУЌА НА СРЕЌАТА“, со надеж дека ќе се приклучите на иницијативата „ОДМОР ЗА ЕДНО СЕМЕЈСТВО“ кој го организираме преку Facebook групата „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“ за да успееме да испратиме 15 семејства на одмор наредната недела.

zdruzhenieto-na-gragjani-kukja-na-srekjata-so-dobrotvorna-incijativa-da-ispratime-15-semejstva-na-odmor-01.jpg

Ајде заедно да бидеме среќата за 15 семејства, среќата за многу мајки и татковци, среќата за многу деца... Помогнете ни да ги собереме потребните парични средства за да може да ги испратиме на море. Вашата помош е нивна среќа - донирајте за бесплатен одмор!

Време многу немаме, но за тоа знаеме дека вие имаме хумани срца и компании кои можат да ни помогнат и да ја исполнат желбата на неколку деца и семејства да ги испратиме на одмор. Некои деца сеуште се надеваат на море и на песок, за нив летото ќе трае и ќе биде посакувано во било кој период од годината.

Вашата помош е клучна! Со вашата добрина, можеме да им овозможиме на овие семејства незаборавно искуство и момент на среќа. Ве повикуваме да се вклучите и да помогнете да ги исполниме нивните соништа. Заедно можеме да направиме разлика!

Преку Facebook групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце, како и претходните години така и оваа година имавме можност да испратиме многу семејства на бесплатен одмор и да бидеме радост за многу семејства, исполнување на сонот на многу деца.

Ве повикуваме да ни се приклучите во оваа акција и заедно да испратиме цел автобус, односно 15 семејства во Неа Пори – Грција, бидејќи 15 апартмани чекаат на нив, 15 апартмани веќе ни се обезбедени како донација, но семејствата не се финансиски моќни за да може сами да го обезбедат превозот и сите дополнителни трошоци за еден одмор. За нив, идејата за одмор и времето поминато со најблиските е далеку од реалноста.

Потребно е да обезбедиме трошоци за превоз, туристичка такса и осигурување. Превозот кој е најден за цел автобус од 50 лица изнесува 80.000 денари, туристичката такса изнесува 90,00 денари од ден и осигурувањето во зависност од бројот на членовите во износ од 300,00 до 1.000,00 денари.

Како можете да не подржите:

✅Донирајте на нашата сметка на здружението Куќа на Среќата - 200003824125567 – Стопанска банка АД Скопје

IBAN MK07200003825028637 SWIFT код; STOBMK2X

или

✅Донирајте преку линкот на ecrowd.mk

Се надеваме дкеа ќе се вклучите во оваа иницијатива и ќе ни помогнете наредната недела да испратиме цел автобус на одмор и да израдуваме 15 семејства.

Очекуваме да нè контактирате или да донирате и да ни помогнете во оваа акција.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава