На 51 година почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, која маестрално ја глумеше Кармен

Вчера (24.09) во Скопје почина Ирена Кавкалевска, мецосопран и првенка на Националната опера и балет, која меѓу публиката ќе остане запаметена по маестралната улога на заводничката Кармен во истоимената опера.

na-51-godina-pochina-operskata-pejachka-irena-kavkalevska-koja-maestralno-ja-glumeshe-karmen-01.jpg

Ирена Кавкалевска (родена на 12 февруари 1973) беше една од највпечатливите солистки на македонската опера. Веста за нејзиното прерано заминување ја сподели семејството.

Од Ирена, преку социјалните мрежи, се простуваат нејзините колеги и пријатели, кои со неверување ја споделуваат веста за нејзината смрт.

na-51-godina-pochina-operskata-pejachka-irena-kavkalevska-koja-maestralno-ja-glumeshe-karmen-05.jpg

Меѓу нив е и Благој Нацоски, кој испрати искрено сочувство до семејството.

Со порака излезе и Националната опера и балет, каде што Ирена работеше долги години.

„Добитничка е на многу  награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац и Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето". Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен", „Аида", „Набуко", „Моќта на судбината", „Сестра Анџелика", „Лули Цезар во Египет" „Севилскиот берберин", „Лилјакот", „Иван Сусаньин", „Цар Самоил".

„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува.

Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност" - зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.

na-51-godina-pochina-operskata-pejachka-irena-kavkalevska-koja-maestralno-ja-glumeshe-karmen-02.jpg

Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата  елеганција, нежност и племенитост, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежија.

Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации...

Нека ти е светол патот драга Ирена“, стои во нивната порака на Фејсбук.

na-51-godina-pochina-operskata-pejachka-irena-kavkalevska-koja-maestralno-ja-glumeshe-karmen-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава