Денес е Крстовден - Ден за строг пост и покајание

Во минатото некои луѓе на овој ден воопшто не консумирале храна, а други пак јаделе само леб и грозје. Православните христијани денес го слават празникот „Крстовден“.

denes-e-den-na-post-i-pokajanie-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-krstovden-01.jpg

На 27-ми септември православните христијани го слават празникот „Воздвижение на чесниот и животворен крст“ во народот познат како „Крстовден“.

„Крстовден“ важи за еден од поголемите празници во есенскиот циклус. Според православната црква денес е ден на строг пост и покајание.

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со чесниот крст, на кој бил распнат спасителот Исус, а тоа се наоѓањето на крстот на Голгота и неговото враќање од Персија во Ерусалим.

denes-e-den-na-post-i-pokajanie-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-krstovden-03.jpg

Поради неговата чудотворна моќ, крстот уште се нарекува и животворен крст, а се верува дека во темелите на неколку манастири во Македонија има делови од крстот на кој бил распнат Исус Христос.

Според верувањата, царицата Елена одлучила да го најде светиот крст и на Голгота биле најдени три крста.

За да се дознае кој од трите крста е оној на Христос, а кој на разбојниците кои биле распнати со него, патријархот Макариј ѝ дал предлог, крстот да го стават покрај покојникот чијашто поворка во моментот минувала од местото.

Кога покојникот бил ставен до христовиот крст, тој оживеал, по што се дознало кој од трите крста е оној на кој бил распнат спасителот, па затоа уште и се нарекува „животворен“.

denes-e-den-na-post-i-pokajanie-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-krstovden-02.jpg

Празникот „Крстовден“ се смета како „тежок“ празник, кога не се работи и се пости без масло.

Во минатото, некои луѓе верувале дека на овој ден воопшто не треба да се консумира храна, а други пак јаделе само леб и грозје.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...

Најчитани неделава