Елена Велевска, Вера Мештеровиќ - Македонски и регионални дами кои заблескаа по разводот
- Детали
- петок, 27 септември 2024
Откако се разведе од сопругот Александар и ја пронајде љубовта покрај Лука, многумина велат дека Тамара Тодевска „се препороди“ и дека никогаш не изгледала толку среќна. Кои други познати дами се разубавеа по разводот?
Разводите се секогаш тешки, без оглед на причината за разделбата и дали оние што се разведуваат ќе го завршат бракот „пријателски“ или не.
И нема врска дали станува збор за некоја ваша пријателка, сосетка, јавна личност (па дури и дали сте вие една од тие жени) - никогаш не е лесно.
Но, кога ќе помине некое време, а болката ќе се намали, некои жени изгледаат како да се препородиле.
Ќе ги видите и ќе сфатите дека се разубавени, понасмеани од претходно, дека се повторно среќни.
Ова се неколку познати македонски дами, но и јавни личности од регионот, кои како да „процветаа“ и денес изгледаат преубаво:
Вера Мештеровиќ, првата Мис на Македонија, се разведе од фудбалерот Игор Кралевски со кого има две деца
Лила Филиповска зад себе има два пропаднати брака, но денес изгледа подобро од кога било
Тамара Тодевска по разводот од Александар Димитрoвски - Мачка, пронајде љубов во архитектот Лука Радовиќ, а многумина велат дека никогаш не изгледала посреќна
Фолк-пејачката Елена Велевска помина низ тежок развод, во кој го обвини сопругот за семејно насилство, но неколку години по лошиот период, таа е повторно насмеана и изгледа прекрасно
Сања Ристиќ се разведе од ракометарот Дејан Пецаковски, со кого има два сина, но денес изгледа преубаво, насмеано и среќно
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





