Мухамед од Охрид доби нов бубрег, дониран од неговата мајка - доказ дека мајките си го сакаат детето повеќе од себе

„Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе, мислат токму на ова! Мухамед го доби бубрегот од неговата мајка, а операцијата поминала одлично!“ - напишаа од македонската платформа ECrowd за момчето од Охрид, чија самохрана мајка му донираше бубрег. 

muhamed-od-ohrid-dobi-nov-bubreg-doniran-od-negovata-majka-dokaz-deka-majkite-si-go-sakaat-deteto-povekje-od-sebe-01.jpg

Мухамед Максуд од Охрид, кој има 21 година, боледува од ретка болест на бубрезите и поради откажување на нивната функција му беше потребна трансплантација на бубрег.

Неговата самохрана мајка беше единствен донор и во изминатиот период успешно се собраа финансиски средства за операцијата да биде извршена во Турција.

Сега, од платформата ECrowd, споделија вест дека операцијата е успешно завршена и дека Мухамед има нов бубрег.

„Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе, мислат токму на ова! Мухамед го доби бубрегот од неговата мајка, а операцијата поминала одлично! Муки ова да ти остане најголемата мака во животов!“ - стои во објавата. 

?__cft__[0]=AZWJz4hhDC06KmMOBrC8BP7fC918ZN5OQryGFb31VZB94Eqs6i0xsCac8bBXoxY3h9V8QyjIKfy8BhpwtekgbajqEnTJzPGGC_fXDW23TCOnK_zvRXCrSMu9lmAJOqFukl6M4gm8H4J3Cd1NIm8Gm9gs2Z4h28EQ5uXAsLVIgyM1nDNBggLRRZM4CeGBko0zwLY&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener">muhamed-od-ohrid-dobi-nov-bubreg-doniran-od-negovata-majka-dokaz-deka-majkite-si-go-sakaat-deteto-povekje-od-sebe-2.jpg

Во кампањата за собирање средства на ECrowd, објавата на Мухамед гласеше:

Изминативе две години беа навистина тешки за мене. Се борам со ретка болест на бубрезите која докторите ја нарекуваат Фокална сегментална гломерулосклероза (FSGS). Овој процес ја оштетува функцијата на филтрација на бубрезите, што резултира со губење на протеини во урината.

Велат докторите дека FSGS е водечка причина за прекумерна загуба на протеини. Честа долгорочна компликација на болеста е откажување на бубрезите која за жал во овој момент е манифестирана и во двата мои бубрега.

Поради откажување на функцијата на двата бубрега ми е потребна трансплатација на бубрег. Најдобри изгледи ми се нудат во Турција.

Мојата самохрана мајка е единствениот донор и поради тоа имаме потреба од парична помош за да се изврши операцијата во Турција.

Моментално сум во тешка состојба зависен од секојдневна дијализа.

Поради брзината на прогресијата и тежината на состојбата потребно е средствата да бидат побрзо собрани за да се продолжи животот на Мухамед!

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава