Каде е и што прави денес Фифи Јаневска, која настапуваше во „X фактор“?

„Работата е што луѓето секогаш имаат различни мислења и верувања за вас. Тоа е во човековата природа и не треба да ве засега“, гласи една од објавите на Фејсбук на Фифи Јаневска (33) - наша трансродна пејачка, на која сега Шведска ѝ е дом.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-01.jpg

Фифи Јаневска (33) е наша трансродна пејачка која веќе години наназад живее во Стокхолм, Шведска.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-03.jpg

Јавноста во Македонија ја запозна со настапите во музичкото шоу „X фактор“, а нејзиното мото е „Не дозволувајте другите луѓе да ви кажуваат кои сте“.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-08.jpgФифи во Шведска

На фотографиите што ги објавува на Фејсбук се гледа дека животот во Шведска навистина ѝ годи, а музиката сè уште ѝ е најголема љубов, иако на извесен период се одделила од неа.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-02.jpg

Во декември 2023-та година Фифи сподели дека ѝ е мило што по подолго време повторно влегла во музичко студио.

„Музичко снимање, по сите овие години“, напиша таа.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-13.jpg

Таа во една пригода објави:

„Мојот ментор од „X фактор“ Кристина Ковач, една прекрасна и неверојатна жена, отвори хор во Стокхолм, па ако сакате пеење и сте од некоја од поранешните југословенски републики, пријавете се“.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-12.jpg

Покрај објави за љубовта кон музиката, Фифи на Фејсбук постојано промовира дека животот треба да се живее на начинот на кој вие самите сакате да го живеете.

Минатата година, пред нејзиниот 32-ри роденден, таа напиша:

„Работата е што луѓето секогаш имаат различни мислења и верувања за тебе. Тоа е во човековата природа и не треба да ве засега вас.

Што мислат другите луѓе за вас и што кажуваат за вас, не е ваша грижа. Тоа е рефлексија на нив и само нив и покажува во каква реалност тие живеат (внатре во нивните глави).

А ти драга моја држи ја главата високо исправена и секогаш имај на ум дека не ти е потребно ничие одобрение, ниту прифаќање, за да бидеш тоа што си и да го живееш животот што сакаш да го живееш.

Славете го животот драги мои“.

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-17.jpg

kade-e-i-shto-pravi-denes-fifi-janevska-koja-nastapuvashe-vo-x-faktor-16.jpg

Повеќе фотографии од неа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Фифи Јаневска го покажа деколтето во бикини - се спрема за плажа на Малта, по снимањето песна во Мак... „Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини. Нашата трансродна ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...

Најчитани неделава