Вејв 6 ни открива - дали навистина еден лајк е толку важен?

wave-6-ni-otkriva-dali-navistina-eden-lajk-e-tolku-vazen-povekjeУниверзал медиа Скопје ги објави резултатите од глобалното истражување на социјалните медиуми “Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација”.


Истражувањето покрива 43 проценти од светската интернет популација, во него учествуваат 62 земји и 41.738 испитаника. Оваа година за прв пат и Македонија беше дел од ова најголемо и најобемно истражување на социјалните медиуми кое кај нас го реализираше Универзал Медиа Скопје.

‘‘Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација‘‘ го истражува влијанието на социјалните медиуми на денешниот глобален пазар, анализира како корисниците во 62 земји ги користат сајтовите како Фејсбук и Твитер за комуникација со брендовите, и што сакаат и што очекуваат од овие искуства.

wave-6-ni-otkriva-dali-navistina-eden-lajk-e-tolku-vazen

 ‘‘Овогодинешното изданије на Wave 6, е исклучително значајно за нас, бидејќи успеавме за прв пат да ја вклучиме и Македонија. Обемот на истражувањата секоја година сразмерно се зголемува, па така нашето лобирање како и фактот што имаме голем број на интернет корисници, како и значително присуство  на социјалните мрежи, бeа аргументи кои не можеа да се игнорираат. ‘‘, вели Маја Стојаноска, Директор на Универзал Медиа.

Wave 6 покажа дека испитаниците од Македонија во голем дел ги делат истите навики и размислувања за социјалните мрежи со интернет корисниците во светот.

Македонските испитаници на интернет најмногу менаџираат профили на некоја социјална мрежа: дури 87 % одговориле дека тоа го имаат направено во последните 6 месеца.

Понатаму, 84% од нашите испитаници велат дека посетиле официјална веб страна на некоја компанија, додека 74% се приклучиле кон некоја онлајн заедница на одреден бренд.

Своето слободно време, македонските учесници во истражувањето, речиси подеднакво го поминуваат на социјалните мрежи и гледајќи телевизија.

И ние, како и остатокот од светот, сме загрижени за количеството лични информации кое се пласира на социјалните мрежи: 54% од испитаниците одговориле дека тој податок ги вознемирува. Но, сепак подготвени сме да ‘‘жртвуваме‘‘ дел од својата интима со цел да бидеме во тек со случувањата: 30% од испитаниците сметаат дека ќе пропуштат нешто доколку не го посетат својот профил на социјалните мрежи.

‘‘Вејв 6 е моќна алатка преку која ја разбираме улогата на социјалните мрежи и која ни дава увид во важноста и влијанието на социјалните медиуми  кај нас. Тие стануваат толку значајни во медиумскиот микс што од клучно значење е брендовите и компаниите да почнат да размислуваат како да ги користат овие платформи во комбинација со потрадиционалните медиуми со цел да допрат до повеќе потрошувачи на поефективен начин.‘‘, додава Стојаноска.

Резулатите од Вејв 6 ни овозможуваат да издвоиме 3 главни согледувања: најмоќно социјално искуство е одговарањето на прашањата поврзани со брендовите и поплаките на корисниците, вебсајтовите на брендовите бргу стануваат еднодимензионално искуство што младите бргу го напуштаат и фактот дека и покрај сè поголемата загриженост за приватноста на податоците, луѓето се подготвени да ја платат цената кога се работи за социјално поврзување.

Погледнете ги резултатите од Вејв 6:
http://universalmedia.mk/wave6.html


За УМ

УМ е глобална агенција за медиумски комуникации во чиешто портфолио се вбројуваат најголемите глобални компании како Компанијата Кока-Кола, Микрософт, Сони, Мастеркард, Џонсон и Џонсон, Лореал, Крајслер и др. Како дел од IPG Media brands, УМ има 151 канцеларија во 130 земји и вработува 3.600 креативни мислители..

УМ е присутна во Македонија уште од 1997 година, како дел од Меккен Ериксон Скопје.

Во 2010г., како резултат на пазарните промени, потребите на клиентите и светските трендови во индустријата, УМ Скопје се одвојува како посебна агенција специјализирана за медиуми.

Би можело да ве интересира:

Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...
Некултура во Скопје ЗОО: Деца се качуваат на ограда, маж се расправа со негувателот кој пробува да г... Војо Иванов, кој е еден од негувателите во Скопје ЗОО сподели видео од инцидент ...
Даниел со „тепих од рози“ ја запроси Ирена на совршено место на италијанските Алпи (фото+видео) „Со мојата сакана Ирена се запознавме во Кочани и веќе сме з...
Мирјана од Кавадарци издоминира во „Ѕвездите на Гранд“ - ја маѓепса публиката со емотивното пеење и ... „Вечерва Мирјана Митрева ја маѓепса публиката со својата изведба. Нејзината инте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg