Ксенија Николова: „Нема кој не ми кажал дека сум многу ослабена - имам 55kg, по тешките процедури“

„Во последно време нема кој не ми кажал дека сум многу ослабена. Вистина е, имам 55 килограми (мојата идеална тежина) и одамна не сум била во подобра форма, можеби и никогаш...“, вели Ксенија Николова.

ksenija-nikolova-nema-koj-ne-mi-kazhal-deka-sum-mnogu-oslabena-imam-55kg-po-teshkite-proceduri-01.jpg

Писателката Ксенија Николова во изминатите години отворено говореше за својата борба со неплодноста, а сега со своите следбеници на Инстаграм сподели дека се вратила на својата идеална тежина, според неа, и дека нејзиното тело по тешките процедури конечно повторно блеска во полн сјај.

ksenija-nikolova-nema-koj-ne-mi-kazhal-deka-sum-mnogu-oslabena-imam-55kg-po-teshkite-proceduri-05.jpg

Таа на сите кои ѝ велат дека е многу ослабена во последно време им порача:

„Во последно време нема кој не ми кажал дека сум многу ослабена.

Вистина е, имам 55 килограми (мојата идеална тежина) и одамна не сум била во подобра форма, можеби и никогаш.

Телото ми се врати во полн сјај после некои тешки процедури што реално ме извадија од колосек.

Редовно вежбам, се хранам балансирано и пијам многу вода. Не сум некој гурман, никогаш не сум ни била, ама ако во нешто вистински уживам во последните години, тоа се здрави и вкусни оброци.

Сум сфатила дека за мене најдобро функцонира исхраната со редовни и балансирани оброци, тогаш телото ми се препородува.

Велат дека многу можеме да кажеме за човекот од неговиот однос со храната, затоа особено е важно да градиме здрави навики за себе, да си го запознаеме своето тело и можеби најважно, да сфатиме што функционира за нас.

И секако, не смееме да заборавиме дека сите имаме периоди, ups and downs, животот не е права линија, но сѐ додека учиме и се подобруваме, растеме и се менуваме, а тоа е суштината на нашето постоење“.

Во празничниот период Ксенија сподели:

„Важно е да сме благодарни за она што го имаме, за љубовта и семејството, за сите нешта што често ги земаме здраво за готово.

Никогаш не се сомневајте во Божјиот план, Бог знае дека секој од нас треба да го изоди својот пат и да ги научи своите лекции.

Не треба да се трудиме да знаеме сѐ, да го откриваме она што не се ни случило, туку да бидеме присутни во секој момент и да не дозволиме срцето да ни се наполни со гнев, омраза и незадоволство.

Живееме во свет каде што споредбата со другите е секојдневие, а така често забораваме колку сме благословени, живееме во свет каде секој ги знае одговорите на туѓите прашања, а со себе ретко кој се осмелува да разговара.

Бог води, Бог простува, не се плашете да барате прошка, кога срцето е отворено и подготвено за љубов, љубовта доаѓа без исклучок“.

Инаку, Ксенија на својот Инстаграм профил постојано споделува животни мудрости, од кои се води и таа самата, во форма на видеа.

Eдна од нив гласи: „Внимавај кому му ги покажуваш своите рани. Затоа што и душманите знаат да тешат, и тоа многу убедливо“.

Погледнете ги видеата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Тања, сестрата на Игор Џамбазов, со искрена исповед: „Немаше шанси да замислам дека јас нема да имам... „Не сретнав човек или, пак, бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...

Најчитани неделава