Ксенија Николова за борбата со неплодноста: „Станав опседната со очекувања и прогнози, отсега живеам за случајноста“

„Слушајте си го телото, верувајте им на сите знаци што ви ги праќа. Ако вели не, значи е не. Има една стара добра - ние планираме, Бог ни се смее. Јас планирав со години, а моите планови беа пресмешни. Сега не планирам ништо, само сакам да живеам“, вели Ксенија Николова, која неколку години јавно зборува за борбата со неплодноста.

ksenija-nikolova-za-borbata-so-neplodnosta-stanav-opsednata-so-ochekuvanja-i-prognozi-otsega-zhiveam-za-sluchajnosta-01.jpg

Писателката, текстописец и бизнисменка, Ксенија Николова, која веќе неколку години се бори со неплодноста и јавно зборува за својот животен пат, желбата да стане мајка и сите неуспешни обиди за забременување, преку Инстаграм призна дека веќе нема да прави ништо со сила и ќе дозволи животот да ја води онака како што треба.

Ксенија, која скоро секогаш е со позитивен дух, вели дека почнала да чувствува оти го губи детето во себе и радоста од секојдневието, бидејќи ја планира секоја секунда и се фокусирала на тоа да стане мајка.

ksenija-nikolova-03.jpg

Затоа, вели Ксенија, веќе ништо нема да прави со сила, туку ќе остави на случајноста, а таа ќе се потруди повторно да го живее животот со полни гради:

„Знам дека ќе ме разберете, ама најмногу би сакала сето ова да го примените и да не одите со глава во ѕид, како другарка ви Ксенија. За нештата што не се во наши раце, сакам да ви почне денот со оваа порака.

После добри три-четири години полни неизвесност и препреки, конечно сфатив една работа на своја кожа. Нема ништо страшно во тоа некои нешта да не се во наши раце.

Ние станавме опседнати со резултати, очекувања и прогнози. Ние сме толку загрижени за тоа што ќе биде и како ќе биде, што апсолутно го пропуштаме животот и секоја негова секунда ја живееме како да не сме тука.

Се изгубив во процесот на постигнување некакви цели и одење против моето тело, па баш како за инает, тогаш кога најмногу сум фокусирана, ништо не се случува.

Зошто? Зашто животот треба да ни се случи. Со кратки зборови, го изгубив детето во себе. Се претворив во некоја сериозна, загрижена личност со која ни јас не би сакала да делам просторија. Ја изгубив спонтаноста, играта, неизвесноста.

Барем сум свесна, зарем не?

ksenija-nikolova-02.jpg

Да, тоа се добри вести, зашто има надеж за промена.

Другари, да ви кажам едно нешто од прва рака. Форсирање не ви проаѓа во ниедна равенка, треба нешто да се случи и од љубов, од момент, случајно.

Слушајте си го телото и верувајте им на сите знаци што ви ги праќа. Ако телото вели не, значи е не.

Јас отсега живеам за случајноста, мојата нова најдобра другарка. Како таа свири, така јас ќе танцувам.

Има една стара добра. Ние планираме, Бог ни се смее. Јас планирав со години, а моите планови беа пресмешни. Сега не планирам ништо, само сакам да живеам.

За случајноста!“

Прочитајте и Ксенија Николова со фотка од болница по 5-тиот неуспешен обид за ин-витро: „Уморна сум од борбата, но јас останувам среќна индивидуа“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg