„Се плашев какво ќе биде моето тело по бременоста, но прифатив“ – Александра Шијакоска започна нов предизвик

„Се плашев какво ќе биде моето тело по бременоста, како ќе се снајдам во новата улога на мајка, какво ќе биде моето секојдневие со новиот член на семејството...? Но одлучив да ги раширам рацете и да ги прифатам промените со ведрина“ - вели Александра Шијакоска во видеото со кое започна нов Инстаграм предизвик за поддршка.

se-plashev-kakvo-kje-bide-moeto-telo-po-bremenosta-no-prifativ-aleksandra-shijakoska-zapochna-nov-predizvik-01.jpg

Животот, поминатите години, борбите и предизвиците низ кои минуваме, позитивни или негативни, нè менуваат како луѓе, внатрешно, но и физички.

Токму на тоа се фокусира во нејзиниот нов Инстаграм предизвик Александра Шијакоска, која неодамна наполни 32 години

se-plashev-kakvo-kje-bide-moeto-telo-po-bremenosta-no-prifativ-aleksandra-shijakoska-zapochna-nov-predizvik-04.jpg

Во последните неколку години, таа помина низ бурен период кога се бореше за својот живот, но среќата ѝ се насмевна и животот ѝ покажа дека по дождот секогаш доаѓа сонце.

По нејзината животна битка од која излезе победник, следеа повеќе радосни моменти од запросувањето и свадбата со нејзиниот сакан и најголема поддршка, Едмонд, до останување бремена и исполнување на сонот да стане мајка на малиот Риан.

se-plashev-kakvo-kje-bide-moeto-telo-po-bremenosta-no-prifativ-aleksandra-shijakoska-zapochna-nov-predizvik-02.jpg

Но таа е искрена и признава дека и покрај тоа што го сакала тоа, сепак промената ѝ делувала страшно, додека во еден момент не одлучила да ја прифати.

По тој повод таа објави видео од себе со сопругот и синчето, во кое како наратор цитира:

„Во животот ништо не стои во место. Промената е неизбежна, и тоа е во ред. Секоја промена носи неизвесност.

Се плашев, да - какво ќе биде моето тело по бременоста, како ќе се снајдам во новата улога на мајка, какво ќе биде моето секојдневие со новиот член на семејството...?

Но одлучив да ги раширам рацете и да ги прифатам промените со ведрина. Знам дека сè ќе биде во ред, зашто ние сме создадени да се менуваме и прилагодуваме.

Инспирирана од ова сознание, одлучив да почнам предизвик - да зборуваме, да ги споделиме промените низ кои сме поминале и да се поддржиме едни со други“.

Видеото продолжува со повеќе инсерти и моменти од најсреќните мигови од нејзиниот живот во последните три години.

se-plashev-kakvo-kje-bide-moeto-telo-po-bremenosta-no-prifativ-aleksandra-shijakoska-zapochna-nov-predizvik-03_1.jpg

На Инстаграм таа објави тема со хаштаг „СеМенувам“, со кој и останатите Македонци, меѓу кои и неколку познати личности, споделија пред и потоа фотки кои ја покажуваат нивната најголема промена која ја прифатиле.

se-plashev-kakvo-kje-bide-moeto-telo-po-bremenosta-no-prifativ-aleksandra-shijakoska-zapochna-nov-predizvik-03.jpg

Повеќето од нив се фокусираат на промената пред и по децата, но некои го искористија хаштагот и за да ги споредат кариерните напредувања и рушење бариери. 

Погледнете неколку такви споредби под овој хаштаг, на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...

Најчитани неделава