Мартија со холивудски гламур и сексапил – во црн корсет и разголено деколте, со дизајнерска луксузна чанта (фото)
- Детали
- четврток, 15 мај 2025
Мартија (21) дефинитивно знае како да искомбинира гламур и сексапил - нејзиниот последен стајлинг е како да била на холивудски црвен тепих, облечена во црно, со корсет и разголено деколте, искомбинирано со дизајнерска чанта која се продава и за околу 600 евра и црни високи штикли.
Нашата пејачка Мартија Станојковиќ на 21 година, освен што остава впечаток со својот музички талент, успева да направи и одличен спој на гламур и сексапил преку своите аутфити.
На својот Инстаграм профил објави нови фотки од нејзиниот последен стајлинг, кој ги воодушеви следбениците, но и љубителите на модата.
Таа е облечена во целосно црна креација со корсет на половината и разголено деколте со отсечок, а одозгоре има јакна која е креација на Матеа Драгшиќ.
Стајлингот го надополни со високи црни лакирани чевли кои наликуваат на популарните Louboutin, како и со дизајнерска мини чанта од Yves Saint Laurеnt, која на некои онлајн страници се движи со цена од околу 600-1000 евра.
Косата ѝ е фатена во пунџа со шишки на страна, шминката е нежна, но доволно впечатлива, а нејзиниот поглед освојува.
Од глава до пети, таа знае како да се носи со овој гламур и ретко кој може да го износи овој стајлинг како да е на холивудски настан.
Повеќе фотки од нејзиниот аутфит:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





