Славчо Попоски, метеоролог: „Од недела очекувајте летни температури поради топол бран од Африка“

„За време на викендот времето, во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи“, вели Славчо Попоски за претстојниот викенд.

slavcho-poposki-meteorolog-od-nedela-ochekuvajte-letni-temperaturi-poradi-topol-bran-od-afrika-01.jpg

По врнежливиот и студен мај, според прогнозите, јуни ќе започне со повисоки, летни температури.

Иако викендов може да има услови за краткотраен дожд, температурите ќе бидат значително повисоки.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во Македонија ќе започне приливот на топол воздух со потекло од Африка. Во ваква ситуација, температурите значително ќе бидат во пораст, што значи дека конечно може да очекуваме летни температури на воздухот.

Инаку, за време на викендот, односно во сабота и недела, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

slavcho-poposki-meteorolog-od-nedela-ochekuvajte-letni-temperaturi-poradi-topol-bran-od-afrika02.JPG

И во Скопје и околината, за време на викендот ќе започне порастот на температурите на воздухот, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите, како што погоре напомнав, особено од недела (1 јуни) ќе бидат летни и во значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 27 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава