Синот на Кире Лазаров матурираше - Гордиот татко објави ретка фотографија од Благојче

Ракометната легенда, Кире Лазаров, кој скоро никогаш не споделува приватни фотографии во јавноста, на Инстаграм Стори, објави фотка од синот матурант и покажа колку се гордее со него.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-01.jpg

Благојче Лазаров, синот на нашата ракометна легенда, Кире Лазаров, е матурант.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-02.jpg

Благојче матурираше во приватна скопска гимназија, а неговиот татко, на Инстаграм Стори сподели фотка од синот, облечен во матурска одора и со капа на главата, додека ја прима дипломата.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-13.jpg

На самата церемонија, за сите матуранти беа подготвени и специјални фотографии - едната од матурското табло и една фотка од детството, кога биле мали.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-12.jpg

Благојче е постарото од двете деца на Кире и неговата сопруга Љубица. Тие ја имаат и ќерката Лана.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-04.jpg Фото: Приватна архива

Во интервју за CRNOBELO.com, Кире претходно кажа дека синот го добил името по неговиот татко Благој и дека со сопругата сакале да му направат чест и првиот внук да го крстат по него.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-05.jpg Фото: Приватна архива

За синот, пак, ни откри дека има голем талент за ракомет, но дека пред семејството од Франција да се врати во Македонија, за Кире да ја продолжи кариерата како селектор, Благојче решил да се откаже од овој спорт.

„Тој тренираше ракомет, но пред да се вратиме од Франција, ми рече: „Тато, јас одлучив да престанам да играм“.

Мене ми падна криво. Го прашав зошто решил така, па ми рече: „Мораш да ме разбереш и да ме поддржиш во одлуката, затоа што колку и да сум добар, никогаш нема да бидам како тебе, а сите ќе ме поврзуваат со тебе и ќе велат дека ме форсираш“.

Размислив за тоа што ми кажа и ја прифатив одлуката. Тој се откажа од ракометот, но е квалитетен во другите сфери во животот. Посветен е доста на училиштето и сигурен сум дека ќе биде успешен во сè што ќе прави“ - ни кажа Кире.

sinot-na-kire-lazarov-maturirashe-gordiot-tatko-objavi-retka-fotografija-od-blagojche-03.jpg Фото: Приватна архива

Прочитајте и Кире Лазаров за татковството: „Ги пропуштав родендените на децата поради ракометот, но многу сум близок со двајцата“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава