Мартија заведува во црвено - блеска покрај саканиот Матеј на гламурозен настан (фото)
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
Мартија блесна во црвена креација - широко здолниште и топ со длабоко деколте. Изгледот го дополни со минималистички накит, а косата ѝ беше собрана во пунџа.
Пејачката Мартија Станојковиќ секогаш привлекува внимание, каде и да се појави.
Така беше и вчеравечер, кога со саканиот Матеј беа гости на првата Haute Wed Gala, гламурозен настан посветен на венчавки, а организиран од Atelier Per Sempre и Signori.
Мартија овој пат се реши за црвена креација - широко здолниште и топ со длабоко деколте.
Изгледот го дополни со минималистички накит, а косата ѝ беше собрана во пунџа.
Пред да пристигне на настанот, Мартија објави неколку фотографии на својот Инстаграм - блеска во црвената креација и гледа со заводлив поглед.
На едната од фотките, Мартија е со своето момче Матеј, кој, пак, за гламурозниот настан носи елегантен костум со машна-пеперутка.
Во описот на фотките, таа стави само емотикон црвена роза, а од следбениците доби комплименти дека е преубава.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Елена Најдоски блеска покрај сопругот, Калтрина во впечатлив фустан со пердуви - Што облекоа познатите Македонци на Haute Wed Gala?
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





