Андреј ја запроси Дајана на крстарење по Јонско Море: „Од околните јахти аплаудираа, прстенот е совршен“

„Се спремив за фотографирање на преубавата тиркизна позадина, морето беше немирно, па едвај чекавме да тргнеме кон Кефалонија. Но додека се сликавме, еден од пријателите во позадина извади транспарент со натпис 'Дали ќе се омажиш за мене?', а Андреј клекна на колено со прстенот,“ - вели Дајана за романтичното запросување на Закинтос.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-01.jpg

Дајана Стаматовска (27) од Сараево, која 13 години живее во Скопје и работи во областа на естетската медицина, се сврши со скопјанецот Андреј Најдоски (28), основач и сопственик на моден бренд.

Парот е заедно 7 години, а својата љубов наскоро ќе ја крунисаат со брак, откако Андреј ја запроси Дајана на катамаран, покрај познатата плажа Навагио на Закинтос, додека пловеле по Јонско Море.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-06.jpg

За романтичниот момент во бескрајното синило и нивната љубовна приказна, Дајана раскажа за CRNOBELO.com:

„Се запознавме преку заеднички пријатели, а средбата беше спонтана, од оние средби кои од почеток имаат посебна енергија, и со тек на време стануваат сè посилни.

Во овие години со Андреј сме разговарале многупати на тема брак.

Тој секако знае дека јас обожавам лето и море, но моментот кога се случи запросувањето, беше апсолутно изненадување за мене.

Начинот на кој го организираше интимно, внимателно и со наши најблиски пријатели, навистина не го очекував, бев позитивно изненадена.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-07.jpg

Бевме со наши најблиски пријатели на пловидба со катамаран низ Јонското Море, а во моментот на запросувањето бевме пристигнати на Закинтос, на познатата плажа Навагион, каде што сѐ и било испланирано.

Јас се спремив за фотографирање на преубавата тиркизна позадина, морето беше немирно, па едвај чекавме да се сликаме сите и да тргнеме во правец кон Кефалонија, меѓутоа во моментот додека се сликавме, еден од пријателите беше во позадина и го држеше транспарентот со натпис Dajana, will you marry me? (Дајана, дали ќе се омажиш за мене?)

Андреј ми кажа да се свртам, а околните бродови и јахти почнаа да свират, луѓето силно да аплаудираат.

Тој клекна и без посебен говор, само ме праша „Дали ќе се омажиш за мене?“ Силно одговорив „Да“, и почнав да ги поздравувам луѓето на околните бродови.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-03.jpg

Добивме силна поддршка и аплауз и малку е да се каже дека бев воодушевена и преплавена од емоции од самиот момент.

Се смеев, па се  расплакав, од срце, со искрени емоции и срцето ми беше полно.

Прстенот ми е совршен - стилски и емотивно. Андреј го бирал заедно со кумот Иван, а двајцата ме познаваат многу добро, па прстенот е апсолутно во мој стил, како што сум го замислувала отсекогаш.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-05.jpg

Андреј ми кажа дека бил многу возбуден пред запросувањето, но дека немал трема - сепак сѐ организирал знаејќи дека ќе се воодушевам, затоа што апсолутно секој чекор беше толку романтичен и точно онака како што некогаш сум замислувала.

За запросувањето најпрво им кажавме на нашите семејства.

Нивната радост и емоции беа непроценливи, а најмногу се израдуваа мајките, тие го доживеаја многу емотивно, како нешто што веќе долго го чекале.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-02.jpg

Сѐ уште сме под импресии од запросувањето и засега е сигурно дека ќе организираме журка по тој повод, а потоа ќе почнеме и со подготовки за свадба, која што би сакале да е летен период, во кругот на нашите роднини и пријатели“.

andrej-ja-zaprosi-dajana-na-krstarenje-po-jonsko-more-od-okolnite-jahti-aplaudiraa-prstenot-e-sovrshen-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Бајковито запросување на македонската Барби на јахта во Дубаи (фото) „Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви. Бевме во врс...
Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе... „Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе о...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Пејач од Велес ја запроси саканата Сара, тиктокерка што живее во Швајцарија, за време на одморот на ... „Нашата приказна започна сосема случајно на еден мој настап во Швајцарија, каде ...

Најчитани неделава