Шеф Никола ослабе 30kg: „Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот“
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
„Од 116kg на 86.2kg - 30 килограми помалку - 30 причини повеќе да се гордеам со себе. Ова не е само слабеење, ова е будење“, вели шеф Никола, кој успеа да се трансформира за неколку месеци.

Популарниот готвач Никола Мишковски, познат како шеф Никола од емисијата „Брза кујна“, се трансформираше за неколку месеци и своите 116 килограми ги намали на 86.
Презадоволен од својата трансформација, но и од упорноста со која стигнал дотука, тој објави инспиративна порака на Инстаграм.

„Од 116kg на 86.2kg - 30 килограми помалку - 30 причини повеќе да се гордеам со себе. Ова не е само слабеење, ова е будење.
Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот.

Секоја утринска трка, секое „не“ на искушението, секоја капка пот - ме донесе до оваа верзија од себе. Никој не веруваше. Ни јас, на почетокот.
Ама денес? Денес се гледа. Денес се чувствува. Ако имаш цел, најди и причина. Јас најдов моја. Сега е твој ред.
Иако сите мислеа дека имам здравствени проблеми, на сите да ви кажам дека се чувствувам и сум здрав како никогаш до сега“ - напиша популарниот готвач.
Изминатите месеци тој споделуваше и видеа од теретана, од вежбањето, од тоа како напредува процесот на слабеење.
„Секоја капка пот е чекор поблиску до целта. Пред неколку месеци бев друг човек - истото тело, но без енергија, без сила, без самодоверба.
Денес, не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот. Тешко е, да - ама секој ден што ќе се појавиш, секој тренинг, секој избор што го правиш… те гради.
Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе. И уште не сум завршил. Дури сега почнувам“, напиша тој пред неполн месец.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
