Тамара направи забава за 40-тиот роденден – гости од естрадата, дувна свеќички со саканиот (фото)
- Детали
- сабота, 14 јуни 2025
Синоќа голем дел од македонската естрада се забавуваше во скопски локал по повод 40-тиот роденден на Тамара Тодевска – славеничката во впечатлив стајлинг дувна свеќички со саканиот Лука, Тијана и со мајка си, уживаше во атмосферата и позираше со другарите, меѓу кои беа Катарина, Билбилов, диџеј Никифор, Каролина и многу други кои цела вечер објавуваа фотки од настанот.

Откако го одбележа јубилејот со семејството со настап на Козјак и замина на одмор во Турција, сега Тамара Тодевска направи забава за пријателите, колегите и сите блиски луѓе.

Во скопски локал, синоќа пејачката го прослави 40-тиот роденден, со голем број гости кои цела вечер се забавуваа и споделуваа фотки и видеа од атмосферата.

Помеѓу гостите беа голем број естрадни уметници, инфлуенсери и познати личности, меѓу кои нејзините блиски пријатели Катарина Ивановска, Роберт Билбилов, Сара Мејс и Димитар Атанасовски, диџеј Никифор, Каролина, Весна Петрушевска, Мартија, Стефан Лазаров и многу други.

На роденденската забава покрај неа беа и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, како и нивната мајка, а сите три, заедно со партнерот на славеничката, ги дувнаа свеќичките на тортата.

За прославата на јубилејот, Тамара одбра впечатлив црн стајлинг со панталони и кроп топ во облик на градник, со длабоко деколте, коса фатена во пунџа.

Од фотките и видеата кои се споделуваат на Инстаграм Стори, се забележува дека гостите уживаат во атмосферата.

Погледнете повеќе фотки од 40-тиот роденден на Тамара:





M. M. | Црнобело