Александар Динев прослави една година врска со саканата Евче: „Љубовта е ризик, но со тебе вреди“
- Детали
- понеделник, 23 јуни 2025
„Земјата направи една ротација околу сонцето. А јас направив една околу тебе. Те сакам!“ - напиша Александар Динев во љубовната порака до водителката Ева Јовановска.

Тиктококерот и инфлуенсер, Александар Динев, и водителката Ева Јовановска - Евче, прославија една година во врска.
Тие својот прв љубовен јубилеј го одбележаа со објава на Инстаграм, на која споделија 20-тина заеднички фотографии и видеа.

А таму се некои од нивните најубави и најзаљубени моменти во изминатите 356 дена - од патувања, додека се бакнуваат, дотерани за неколку големи настани...
„Љубовта е ризик, но со тебе вреди! Земјата направи една ротација околу сонцето.
А јас направив една околу тебе. Те сакам!“ - напиша Александар во заедничката објава.
Погледнете ги фотографиите:





