Тијана Дапчевиќ (49) со сопругот на одмор - објави искрени фотки, без филтри, самоуверена и своја како секогаш
- Детали
- четврток, 03 јули 2025
Уште во 2020-та година Тијана во свој стил напиша: „Можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е МОЈ и нема да филтрирам“, а сега повторно во овој стил објави искрени и природни фотки од јунскиот одмор во Грција и покажа што е самодоверба.

Веќе години наназад Тијана Дапчевиќ е една од оние познати личности кои ги кажува, а и ги покажува работите такви какви што се.

И додека многу познати личности се опседнати за да ни прикажат совршенство на Инстаграм, таа е секогаш природна и своја, па како во 2020-та, така и сега прикачи искрени фотки од плажа од својот одмор во Грција, каде покажа дека е горда на своите седи влакна.
Таа уживаше во сончање, пливање и веслање на даска.

Тијана е во друштво на сопругот и на пријатели.

Уште во 2020 година Тијана на Инстаграм напиша:
„Јас на море. Сега мојата мајка би рекла: „Тијана не можеш да ја почнеш реченицата со ЈАС, а ЈАС би ѝ кажала да можам и можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е МОЈ и нема да филтрирам, бидејќи секоја бразда на моето тело е МОЈА и секоја има своја приказна на која сум горда или како што би кажала една моја пријателка САКАЈ СЕ СЕБЕ И НЕКА ТОА СЕБЕ ТЕ САКА ТЕБЕ.“
Повеќе фотки од одморот на Тијана во јуни 2025-та:




С. С. | Црнобело
