Јелена Спенџарска си ја соголи душата: „Плачам кога луѓето се злобни кон мене, страв ми е дека никогаш нема да имам деца“
9. Постојано се чувствувам растргната помеѓу различните верзии на животот што го сакам: Дали да се вратам дома? Да станам домаќинка? Да започнам друг бизнис? Да патувам сама засекогаш?

10. Стравувам дека колку многу и да постигнам, секогаш ќе чувствувам како да не сум постигнала доволно.

11. Некои делови од мене остануваат скриени, не поради страв, туку затоа што и понатаму заздравуваат.

12. Научив како да останам смирена додека тонам емоционално - и тоа ме плаши“.

Ова е една од најискрените објави на Јелена и доби „силен аплауз“ од нејзините следбеници.
„Браво, како да ги читам сопствените мисли“,
„Ова ‘удира’ силно. Да се биде човек е хаотично, но не мора сами да поминуваме низ тоа“,
„Не си сама“,
„Гордеј се со себе зашто допре многу луѓе“ - се дел од јавните коментари што ги доби Спенџарска.

И таа не криеше дека бројните пораки ја трогнале, па утрово им се обрати на сите што ѝ дадоа каква било поддршка:
„Фала ви за преубавиот фидбек од вчерашниот пост!
Не очекував дека толку многу од нас поминуваме низ слична ситуација, убаво ми е кога знам дека моите 'бубачки во глава' ги има и некој друг, не сум само јас.
Ви испраќам виртуелна љубов“ - напиша таа утрово.

А. Ј. | Црнобело
