„Дивее пожар во Скопска Црна Гора, цела ноќ сме под стрес, нашите кучиња се загрозени“ - Емотивна вирална објава од засолниште за кучиња
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
„Среде пожарот договоривме багер кој ќе ископа заштитен обрач од 3 метри околу шелтерот, со надеж дека така ќе направиме заштита. Не прашавме ни колку ќе чини – само да стигнеме навреме да се заштитиме“, гласи дел од емотивната објава на одговорните во здружението Шепасти Ентузијасти.

Пожарот на Скопска Црна Гора избувна во неделата (06.07) покрај магистралниот пат кон граничниот премин Блаце и се прошири во ниската шума.
Пожарот беснееше и во Чучер Сандево, а имаше и вести за неколку повредени лица при гаснењето, а според видеата на социјалните мрежи ридовите се соголени, а голем дел од шумата е уништена.
Има активна интервенција за гаснење на пожарот од страна на нашите пожарникари, но и од многу доброволци.

Од пожарот под опасност се најде и засолништето за кучиња на здружението Шепасти Ентузијасти.
Активистите од Здружението Шепасти Ентузијасти не мируваат кога станува збор за заштита на животните, па така сега се огласија за траорната ситуација со која се соочија среде пожарите во скопско и испратија апел за помош.
Велат дека кучињата во нивниот шелтер биле во загрозена ситуација, поради огнената стихија во близина, а тие ќе направат сè што можат за да ги обезбедат, и покрај тоа што немаат доволно средства.
Нивната објава на Фејсбук со апел за помош се споделува вирално:
„ИТНО – ПОМОШ ЗА ШЕЛТЕРОТ
Драги пријатели,
Од вчера (се мисли на 06.07) пожар дивее во Скопска Црна Гора, а во близина се наоѓа и нашиот шелтер. Нашите кучиња се во сериозна опасност.
Веќе цела ноќ сме без сон, под стрес, постојано наводнуваме – но знаеме дека тоа не е доволно.

УТРЕ договоривме багер кој ќе ископа заштитен обрач од 3 метри околу шелтерот, со надеж дека така ќе направиме заштита.
(Ова се препораки)
Не прашавме ни колку ќе чини – само да стигнеме навреме да се заштитиме.

Утре ќе набавиме и противпожарни апарати – знаеме дека можеби нема да бидат доволни, но во критичен момент можат да спасат животи.
Ве молиме, помагајте – секој денар е важен, секоја поддршка ни значи.

Нашите Шепасти се сè што имаме – и нема да ги оставиме. Но ни треба вашата помош.
Донирајте, споделете, бидете со нас...



Состојбата со пожарот, според ЦУК (Центарот за управување со кризи) oд денес (08.07):

Сега, од Шепасти Ентузијасти објавија дека состојбата е стабилна:
„Дечки, состојбата е стабилна – нашите кучиња се безбедни во нашиот шелтер.
Утре се започнува работа и ќе се направи заштитен обрач од 3 метри околу шелтерот.
Денес тоа не беше возможно бидејќи луѓето беа ангажирани и во гасење на пожарот.
Од срце сакаме да ви се заблагодариме на сите што ни дадоа поддршка – со донации, пораки, понуда за помош… Вашата поддршка ни значи повеќе од што можете да замислите.
Во вакви моменти, кога стравот и неизвесноста се големи, сознанието дека не сме сами е незаменливо.
Посебна благодарност до Кемал, Леонардо и Бојан – кои веднаш понудија да ги згрижат нашите кучиња додека ситуацијата не се стабилизира. Такви гестови не се забораваат!
Благодарност и до нашата Стефи која дежураше на камери за ние да одмориме една вечер.
Ќе ве известиме утре веднаш штом започне работата. Ние будно ја следиме ситуацијата и остануваме внимателни. Благодариме од срце!“.
С. С. | Црнобело