Поранешната девојка со емотивна објава, пријателите пишуваат убави спомени за Душко Чифлиганец: „Го сакаше животот, беше полн со елан“

Душко долго години другарувал и со Тијана Скулиќ, која во својата објава го опиша како човек кој секогаш се давал целосно на луѓето кои ги сакал.

„Не знам од каде да почнам... Се враќам наназад во мислите, размислувам, па ми текнуваат сите глупости, сите смешки што ги збореше... и сè ми останува во сеќавање.

Ми останаа спомени што секогаш ќе ми вратат насмевка - како тогаш во Охрид, кога се возевме и ја пееше ‘Вештер’ од Врчак на глас, од збор до збор, како да беше твоја.

Имаше еден период и жолта коса - „као“ мода ама тебе сè ти лежеше.

Ти беше зависник од адреналин уште од млади години секогаш во движење, полн со енергија, со срце што чукаше побрзо од стандардното.

Знаеше како да уживаш во животот и, уште повеќе, знаеше како да даваш. Во целост се даваше за луѓето што се добри, за тие што ги сакаш. Тивок, кроток, присутен... и секогаш свој.

Никогаш нема да те заборавам чикирики, летај највисоко со ангелите те сакам. Да знаеш“ - напиша на Фејсбук.

poraneshnata-devojka-so-emotivna-objava-prijatelite-pishuvaat-ubavi-spomeni-za-dushko-chifliganec-go-sakashe-zhivotot-beshe-poln-so-elan-13_copy.jpg

Иван Ивановски, од Support Kocani, кој соработувал со Душко, се прости од својот близок пријател преку Инстаграм.

„Душко, прерано не напушти, пријателе. Не верував дека ќе дојде денот кога вака ќе ти се обраќам...

Секој што те познаваше знае дека беше човек со големо срце, но и визионер каков што ретко се среќава. Јас ја имав честа да те имам не само како пријател, туку и како бизнис партнер.

Имавме јасна визија, големи цели и уште поголема мотивација. Не правевме само планови, ги живеевме тие идеи, ги сонувавме со отворени очи и работевме посветено на нивно остварување.

Твојата посветеност, твојот оптимизам, начинот на кој ги гледаше работите од поинаков агол, сето тоа ќе ми недостига секој ден. Не само во работата, туку и во животот.

Во овие тешки мигови, моите мисли се со твоето семејство, со најблиските, со сите што те сакаа и почитуваа.

Ќе продолжам, исто онака како што заедно замисливме. Во секоја одлука. Во секој нов чекор.

Фала ти што беше тука, твојот дух ќе остане во се што правиме понатаму. Секој нареден успех ќе биде наш заеднички успех. Ветувам. Збогум другар. Почивај во мир“ - напиша тој.

Меѓу оние кои јавно му кажаа последно збогум на Душко Чифлиганец е Ангела Ал Катарија.

Таа преку објава на Фејсбук нагласи колку голем човек бил тој.

„Душко го запознав во 2016 година, кога по некоја случајност се најдовме во иста професија, тој во Дубаи, јас во Доха.

И замислете, не ме гледаше како конкуренција. Напротив. Иако помлад, беше веќе поискусен и ги знаеше „цаките“ на бизнисот во овој нов свет, далеку од дома, каде што тогаш и двајцата живеевме.

Тој замина, јас останав. Контактот никогаш не го изгубивме, иако не беше чест.

Ама знаете што? Душко беше човек кој никогаш не игнорираше порака, секогаш враќаше, или да помогне, а ако не, барем ќе дадеше насока.

И тоа го правеше ГОЛЕМ!

Се надевав до самиот крај дека ќе го спасат. За жал...

И знаете што, не е важно дали се работи за Душко Чифлиганец или за Рајко од Стојаково.

Најмалку што можеме да направиме е, барем за починатите, да ги замолчиме злобните јазици и испрљани души, особено кога некој лично не го познавате.

Ало, згасна млад живот. На некој кој го сакаше животот. Полн со елан, без его, голема реткост!

Можеби некогаш ќе научите. А до тогаш, барем заќутете, од почит. Огромно сочувство до семејството. Почивај во мир Душко“, пишува таа.

Прочитајте и На 32 години почина бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат: „Патувај со ангелите златно дете“

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg