Ана Стојанова во смело разголено фустанче – провокативна со сопругот на забава на Ибица (фото)
- Детали
- петок, 15 август 2025
Во мини сребрено фустанче со висок шлиц и гол грб, Ана го покажа своето фит тело, додека сопругот Кире кој неодамна ја посети, ја држи за нога на црвен тепих на Ибица, откако таа неколку месеци помина во Барселона.

Ана Стојанова неколку месеци привремено го пронајде својот дом во Барселона, од каде онлајн работеше како фитнес тренер со нејзината армија и уживаше во убавините на градот и шпанскиот живот.
Неодамна, ја посети и сопругот Кире, со кого заедно отпатуваа на Мајорка и споделуваше искуства од плажите таму, но и од селцата низ кои шеташе.
Во меѓувреме, Ана не пропушти шанса да ја мотивира својата армија и да ги потсети дека треба да вежбаат каде и да се.
„Август е за коктели и сангриа ама и за ‘Squats’. Апликацијата е во џеб – нема бегање.
Да беше лесно, сите ќе бевме згодни. Издржи Армијо!“ - напиша таа до фотките на кои позира во танга бикини во Палма.


Таа изгледа не беше воодушевена од ноќниот живот таму, па следна дестинација им беше Ибица, од каде сподели дека лудо се забавуваат.
„Знаеш дека си кул тетката што патува, кога семејството не те прашува Како си?, туку Каде си сега?“- се пошегува таа на забавната објава со која сподели дека заминала на Ибица.
На последните фотки, Ана позира на црвен тепих со сопругот, облечена во провокативно издание, со мини сребрено фустанче со шлиц, кое не остава многу на имагинацијата.




М. М. | Црнобело