Евгенија (12) од Скопје за загадениот воздух: „Jaс сум само дете, сакам да дишам, а мириса на СМРТ!“

„Jaс сум само дете, сакам да дишам, сакам спорт, а мириса на СМРТ! Ние децата не сме виновни, вие сте! Сакам да растам покрај баба и дедо, а овде веќе нема живот. Што е потребно за да се освестите? Ни овозможивте детство што мириса на отров“, испраќа моќна порака 12-годишната Евгенија од Скопје, која ја претставува нашата држава на танцувачки натпревари во странство.

evgenija-12-od-skopje-jas-sum-samo-dete-sakam-da-disham-sakam-sport-a-mirisa-na-smrt-01.jpg

Евгенија од Скопје е 12-годишно девојче, познато како на Инстаграм со профилот „Sparkly Daughter“, каде има повеќе од 12.000 следбеници.

evgenija-12-od-skopje-jas-sum-samo-dete-sakam-da-disham-sakam-sport-a-mirisa-na-smrt-02.jpg

Таа со своите следбеници ја споделува својата страст кон танцот, детали од нејзиното секојдневие и нејзината љубов кон родната Македонија, која со гордост ја претставува и на танцувачки натпревари во странство.

Но, сега среде пожарите, среде загадениот воздух, таа искрено говори дека е исплашена за својата иднина и за тоа што нема кој да ја заштити.

evgenija-12-od-skopje-jas-sum-samo-dete-sakam-da-disham-sakam-sport-a-mirisa-na-smrt-03.jpg

Од име на сите деца во Скопје и Македонија, Евгенија испраќа порака:

„Од сите деца на кои им ги прекршивте основните детски права:

Jaс сум само дете, сакам да дишам, сакам спорт, а мириса на СМРТ!

Ние децата не сме виновни, вие сте! Сакам да растам покрај баба и дедо, а овде веќе нема живот. Што е потребно за да се освестите? Ни овозможивте детство што мириса на отров. 

Ова не е политика! Вие возрасните зборувате за партии и избори, а ние децата немаме право на избор - се бориме за живот.

Имавме соништа, сега и тие се гушат во чад. Зошто никој не застана пред нас и не кажа: „Ќе ве заштитиме“?“

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава