Милош од валандовско: „Работам во училиште, но го сакам земјоделието - семејно гроздоберот ни е традиција“

„Убавината на гроздоберот е тимската работа. Годината беше родна, времето нè послужи и произведовме грозје со исклучително добар квалитет“, вели Милош Кецојевиќ (40), секретар во основно училиште во село Јосифово и земјоделец. Порачува дека традицијата на гроздоберот мора да си ја негуваме.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-01.jpg

Милош Кецојевиќ  (40) работи како секретар во ООУ Страшо Пинџур во село Јосифово, а се занимава и со земјоделие, како дополнителна дејност со своето семејство во родното Јосифово, општина Валандово.

Периодов се случува гроздобер, а Милош за CRNOBELO.com вели:

„Во моментот имаме берба на грозје сорта модавија, на површина од околу 2.3 хектари, имаме околу 3.800 калеми грозје.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-11.jpg

Годината беше родна, времето нè послужи и произведовме грозје со исклучително добар квалитет за пласман на европските пазари и маркети.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-08.jpg

Откупната цена е иста со претходните години со тоа што имаме зголемување на цената на трудот, препарати, нафта и останати трошоци.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-05.jpg

Гроздоберот ни помина во најдобар ред, имаме околу 68 тона прва класа грозје.

Убавината на гроздоберот е тимската работа.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-04.jpg

Имаме екипа којашто бере, друга го пакува и чисти грозјето за да се добие во квалитет при извоз и трета екипа којашто врши транспорт на грозјето.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тина од Струмица воодушеви на германскиот The Voice - Жирито со подзината уста, се „степаа“ кој да ј... Во првото појавување пред жирито, нашата Тина ја пееше Do It Like a Dude од Џеси...
Актерката Симона Живковска ги доведе сопругот и синот во родната Македонија - прошетка низ Охрид, по... Симона Живсковска, која глумеше покрај Скарлет Јохансон во „Црната вдовица“, нео...
Полуматуранти од скопско училиште со кул видео: „Првпат влеговме со ранци поголеми од нас, сега изле... Кул видео од скопско училиште - влегуваат во училница како првоодделенци, излегу...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Прилепчани платија појадок на туристи кои немаа кеш, Србите јавно им се заблагодарија: „Ни ја вратиј... „Зедовме бурек, но изненадување - не примаат картички, а не ни текна ни да праша...

Најчитани неделава