Тијана Дапчевиќ за старата операција на проширени вени: „Проблемот ми се појави по бременоста“
- Детали
- четврток, 16 октомври 2025
„Имав крофни на нозете. Тоа е кога ќе попушти венскиот ѕид и кај мене во еден момент попушти, па јас тоа го нареков крофни на нозете“, вели Тијана Дапчевиќ, која сега проговори и за нејзината менопауза.

Пејачката Тијана Дапчевиќ уште одамна имаше операција на проширени вени на нозете, а за проблемот дознала откако отишла на лекарски преглед.
Било јасно дека проблемот ќе се влошува и ќе предизвика долгорочни проблеми, па затоа таа се одлучила на операција и со операцијата успеала сè да реши.

Денес Тијана изгледа подобро од кога било и се чувствува одлично.
Таа постојано има настапи и гостувања во српските емисии, а вчера се пофали и со својата нова чанта на Инстаграм.


Тијана во една пригода отворено зборуваше за операцијата:
„Имав крофни на нозете. Тоа е кога ќе попушти венскиот ѕид, и кај мене во еден момент попушти, и јас тоа го нареков крофни на нозете.
Но, тоа не беше единствениот проблем.
На некој што е нормален тоа му изгледа како да го каснал комарец, буквално, ама јас не сум нормална.

Со операцијата си тргнав од грбот еден огромен проблем, пред сè здравствен, а потоа и естетски и сега можам да носам и кратки здолништа.
Имав 115 килограми при породувањето и тогаш почнаа да се случуваат промени на нозете, значи проблемот се појави по бременоста“.
Тијана Дапчевиќ е навистина талентирана, како за музика и глума, така и за стендап.


Слушнете ги нејзините шеги на тема нејзината менопауза:
Нејзината урнебесна монодрама која ги отвора сите теми за кои жените обично шепотат, но сега тие се кажуваат гласно, духовито и без срам е создадена по текст на Данило Вукотиќ, а претставата ја режира Раде Вукотиќ.
Стендапот ќе се одржи на 3-ти ноември во Србија.
Погледнете ја најавата:
С. С. | Црнобело
