„Електронче“ – иновативна македонска платформа со едукативни сетови за младите техничари

„Електронче“ е нова иновативна платформа и бренд што ја буди љубопитноста и креативноста кај децата и младите преку учење со практика. Создадени со љубов и стручност, едукативните сетови за електроника се внимателно прилагодени за различни возрасни групи – од најмладите истражувачи на 2 години, до средношколците на 18 години. 

elektronche-inovativna-makedonska-platforma-so-edukativni-setovi-za-mladite-tehnichari-01.jpg

Целта на платформата е да поттикне практично учење, развој на технички вештини и критичко размислување преку комбинација на експерименти, видео туторијали и менторска поддршка.

Творецот на платформата Електронче, Бодан има 15 години и е целосно посветен на мекатроника, електроника и физика. Бодан уште од својата петта година покажува љубов кон иновациите, а на девет години веќе почнува активно да учествува на натпревари. Неговиот прв настап е на Maker Faire во Битола во 2019 година со проектот „ElecTricks“, што го означува почетокот на неговиот пат како млад иноватор. Оттогаш учествува на бројни натпревари, меѓу кои NASA Space Kids Challenge и NASA Space Apps Challenge, каде освојува високи признанија, вклучувајќи прво место, специјална награда и второ место во сениорска категорија со својот тим на само 12 години.

elektronche-inovativna-makedonska-platforma-so-edukativni-setovi-za-mladite-tehnichari-02.jpg

Во изминатите години Бодан редовно настапува на државни и меѓународни натпревари – по роботика, физика и иновации (МАКИНОВА) – освојувајќи први места три години по ред. Тој е доказ за тоа дека упорноста, љубопитноста и идејата можат да ја претворат младата енергија во вистинска инспирација за сите генерации.

elektronche-inovativna-makedonska-platforma-so-edukativni-setovi-za-mladite-tehnichari-03.jpg

Неодамна по вторпат тимски ја претставуваше Македонија на светскиот натпревар по роботика. Тимот на Бодан влезе во ТОП 50 од 248 тимови низ Македонија на натпреварот Средношколец Милионер – уште едно признание за посветеноста и креативноста зад проектот „Електронче“.

elektronche-inovativna-makedonska-platforma-so-edukativni-setovi-za-mladite-tehnichari-03_1.jpg

Бодан и Заки веќе ја подготвуваат првата работилница за деца од 5 до 8 години во еден од моловите во Скопје, а датумот и локацијата наскоро ќе бидат објавени на фејсбук страната на Електронче.

Сега вашиот глас може да биде одлучувачки! Поддржете ги младите иноватори и помогнете го „Електронче“ да стигне во вториот круг со вашето гласање на следниот линк.

#ГласајЗаЕлектронче #Поддршка #Македонија #Иновација #ТимскаРабота #тимелектронче

Би можело да ве интересира:

Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
„Ти си она што го сакам бејбе“ - Виртуелни графити со македонски песни низ Скопје, се хит на Инстагр... „Идејата за графитите ми дојде спонтано, за некако да ја оживееме македонската м...
Почина оперската дива Милка Ефтимова (89), амбасадор на македонската уметност и култура во светот Маестралната Милка Ефтимова, која почина на 89 години, отпеа четириесет оперски ...
Вирална објава на Македонка: „Зошто се иселуваат младите од Македонија? Сака да оформи семејство, а ... „Се утепува од учење, гледа како други зимаат дипломи со иста вредност за пари! ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Ленче Делова, која почина на 77 години, остави неизбришлива трага на филмската сцена - Од „Светот на... Ленче Делова е актерката на нашата младост, жена која со својата ведрина, препоз...

Најчитани неделава