Сопругата на Марио од 2Бона бесна: „Заради мажи кои мислат дека жената е само за раѓање, мислев дека треба да се убијам“

Додека го зборувам ова ми трепери душата, бидејќи не ми се верува дека сè уште некој може да размислува на овој начин и да смета дека е во ред да го изнесе тој став.

Јас го почитувам секој став и секој има право да си живее како сака, но јас лично видов колку девојки и жени живеат во тој страв и во тоа дека нема да бидат признаени или не може да си најдат партнер, баш од оваа причина.

Од оваа причина моите родители се плашеле да ми ја соопштат веста дека јас не можам да родам дете.

Биле исплашени дека ќе се најде некој ваков којшто ќе ми го каже ова на мои 15-16-17 години и во мојата психа ќе направи нешто што нема да дозволи да го прифатам ова на начинот на кој сум го прифатила денес, после толку години.

soprugata-na-mario-od-2bona-besna-zaradi-mazhi-koi-mislat-deka-zhenata-e-samo-za-ragjanje-mislev-deka-treba-da-se-ubijam-06.jpg

Мислам дека е апсурд веќе жените да ги гледаме на тој начин и да ги судиме по тоа дека се направени само за да раѓаат дете.

Имаше и ставови кои беа изнесени од соговорничката со која зборуваше, која кажуваше дека е тетовирана и за тоа осудувана, но еве јас сум тетовирана, цела, обожавам тетоважи.

Имам 10.00 просек на факултет, од прво одделение до четврта година средно имав просек 5.00, имам завршено мастер и факултет, свој бизнис, брак, маж, фамилија којашто ме обожава.

Животот ништо не ми одземал затоа што имам тетоважи, или пирс на нос, или не знам, не можам да родам дете.

Сестра ми е тетовирана. Сестра ми е ученик на молекуларна биологија на ПМФ, со просек 5.00 од прво одделение до четврта средно.

Каква врска има тоа дали жена е тетовирана или се изразува поинаку од шаблонот и да биде осудувана за тоа?

soprugata-na-mario-od-2bona-besna-zaradi-mazhi-koi-mislat-deka-zhenata-e-samo-za-ragjanje-mislev-deka-treba-da-se-ubijam-04.jpg

Не ми се јасни и коментарите на оние кои го поддржуваат. Сигурно има можеби некој став со кој сите ќе се согласиме, јас зборувам само за оваа тема.

Независно со кој дебатира и каде му е искажан ставот, како монолог, или на ТикТок...

Зошто е неприфатливо дека жена заработува сама во денешно време? Апсурд е жените уште да бидат осудувани и да биде размислувано на овој начин.

Ме фрустрира ова, сум научила да се носам со тоа дека не можам да имам дете, партнерот ме прифатил и јавно го кажа тоа, а кога тој го изјави тоа, тој стана херој.

Не беше сфатливо за луѓето како еден маж ја почитува својата жена.

soprugata-na-mario-od-2bona-besna-zaradi-mazhi-koi-mislat-deka-zhenata-e-samo-za-ragjanje-mislev-deka-treba-da-se-ubijam-02.jpeg

Нели мислите дека е време да се промени тоа? Не сте свесни колку приказни добив од девојки кои се плашеле да зборуваат јавно, да кажат на родителите или дали ќе најдат партнер.

Со сите можности во ова денешно време, не е нормално да размислуваме вака.

И уште нешто сакам да кажам пред да ми истече времето...

За ставот којшто го кажав дека мајчинството не е само да се роди бебето и да се износи, туку сè после тоа, за ова бев нападната на Фејсбук... јас на тој чин да се износи живот и донесе му се восхитувам и капа доле на секоја жена. Но не е само да го родиш и толку, ти си мајка.

Туку сè што ќе му дадеш на детето откако ќе го родиш. Со тоа си мајка. Не потценувам и не кажувам дека не е мајка ако го родила само, но има мајки кои го родиле, а потоа не дале ништо.

Погледнете го видеото: 

Прочитајте и Исидора, вереницата на Марио од 2Бона, за CRNOBELO: „Родена сум без матка и не можам да останам бремена - имаме ембриони за сурогат“

 М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава